Таг: ѕинго

Приемот на Македонија во ФИФА и анегдотата со Ѕинго за знамето

Сторијата за 49-от конгрес на ФИФА во Чикаго, ја има раскажано Илија Атанасовски, починат во 2014-та, како тогашен генерален секретар на ФСМ. Со Ѕинго и Дончо биле сместени во Шеретон во друштво на Пеле, Ди Стефано, Кројф, Еузебио, Платини, Боби Чарлтон, Бекенбауер...

Што имаа заедничко Галијани и Ѕинго?

И по 20 и кусур години, Ѕинго остана синоним за ФК Силекс, кој единствените трофеи ги освои додека паралелно беше и прв човек во тогашниот ФСМ. За неговата смрт се огласија и Комити. Му простуваат.

Најпознатото скандирање во историјата на мак фудбалот

Снимката е бајата 22 години, ама песната е скроз култна и незаборавена, па некој знае да ја потпевне и во денешно време. ФФМ и со таа и со сегашната гарнитура имаше/има луѓе што не ја сакаат. Ова е пријателска средба меѓу Вардар и Црвена Звезда, а негодувањата се однесуваат на забраната за гостување на навивачите. Тука нема вреѓање, ќе се пее таа уште 100 години. Три за позор, четири:

Силекс слави против Вардар со џипот на Ѕинго

Македонски фудбал, прва лига. Датум: 10 април 2016-та. Локација: Кратово. Фудбалерите на Силекс го победија лидерот на табелата Вардар со 3:2, но тоа што изненадија со резултатот не е толку интересно колку што изненадија со начинот на славјето кое не е видено до сега во Македонија, освен на улица.

Скопски расад

Градинка во Карпош некаде кон крајот на 1996-та. Дечурлана 4-5 години, собрани да пеат нешто. Воспитувачката додека да ги собере, они имаат штимунг проба на сопствена, тогаш една од најмачните, скопски теми. Напред Вардар!