„Црвените ѓаволи" со победа на гости против Баер ќе обезбеди билет за осминафинале, а доколку Шпанците слават во Украина на Јунајтед ќе му биде доволен и бод. Математички пласман може за обезбедат и Германците, но само со вечерашен триумф, а истовреме Шахтар да не слави дома.
Група А
Баер Леверкузен – Манчестер Јунајтед
Шахтар Доњецк – Реал Сосиедад
Табела: Манчестер Ј. 8, Баер Л. 7, Шахтар Доњецк 5, Реал Сосиедад 1
На „Кралевите" им е потребен само бод за конечно освојување на првото место, а таму може да остане и со пораз, но ако Копенхаген не го победи Јувентус.
Група Б
Јувентус – Копенхаген
Реал Мадрид – Галатасарај
Табела: Реал М. 10, Галатасарај 4, Копенхаген 4, Јувентус 3
Нерешено на Парижаните на домашен терен против Олимпијакос значи и пласман во следната фаза, а доколку Бенфика не слави против Андерлехт, францускиот претставник ќе оди понатаму и со пораз. Грците со победа во Париз вечерва можат да станат осминафиналисти.
Група Ц
Андерлехт – Бенфика
ПСЖ – Олимпијакос
Табела: ПСЖ 10, Олимпијакос 7, Бенфика 4, Андерлехт 1
Баерн Минхен и Манчестер Сити се веќе познати патници во топ 16 фазата, останува да се види само конечниот изглед на табелата.
Група Д
ЦСКА Москва – Баерн Минхен
Манчестер Сити – Викторија Плзен
Баерн М. 12, Манчестер Сити 9, ЦСКА Москва 3, Викторија Плзен 0