Филипос Ставру не е ниту од првиот, а ниту пак од вториот вид на навивачи кои би ги поделиле на обични и ултраси, туку тој поседува музеј кој го носи името на француската фудбалска легенда Мишел Платини.
Музејот се наоѓа во неговиот роден крај во Кипар во близина на главниот град Никозија, а во него има, внимавајте, колекција со 21.137 работи од првиот човек на УЕФА за кои Ставру потрошил 200.000 евра.
Но тоа не е се за големот вљубеник во славната француска 10ка. Тој всушност со благослов на родителите го додал и неговото презиме и сега се вика Филипос Ставру Платини, како што го крстил и својот музеј.
52 годишниот Ставрус при посетата на Платини во Кипар се запознал со својот идол пред четири години, а од него има дресови, шорцеви, топки, капи, постери, слики и уште еден куп други сувенири меѓу кои и одело кое го носел додека е на врвот на УЕФА.
Рекордот на ваква колекција го држеше португалскиот навивач, Фернандо Да Силва кој има 1.625 работи од својот омилен клуб Бенфика, но тој одамна ја има загубено битката со кипарскиот Платини кој се надева дека ќе влезе во Гинисовата книга за рекорди.