Offside

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Македонски Телеком рутинирано до победа над Оилко

Вториот натпрварувачки ден од седмото коло на Бизнис лигата на Македонија го одбележаа победите на АМСМ, Македонски Телеком и Глобко Логистик.

Наполи пред елиминација, Милан се разбуди

Милан конечно проработе и го растури Селтик, а Ајакс и го нанесе првиот пораз на Барса и овие две екипи во директен дуел ќе одлучуваат за пласман во следната фаза. Блиску до осмина-финалето е Арсенал и екипата на Борусија Дортмунд која го доби дербито против Наполи.

Да го поместиме голот на аут линија

Епа само тоа сакавме да го кажеме од насловот, но еве го и името на царот кој игра за Каљари и се вика Даниеле Досена. Секоја чест за шутот.

Македонските клубови да учат од примерот на Јувентус

По освоеното Скудето во месец мај, италијанскиот шампион годинава "ќе освои" уште едно и тоа следниот викенд. Трибините на кои пред две недели дивееа навивачите на Наполи, сега ќе ги пополнат со над 6.000 деца кои ќе ги учат убавите страни на фудбалот.

Најдоброто од МЛС

Регуларната сезона во американскиот фудбалски шампион заврши, а финалниот меч помеѓу Спортинг Канзас Сити и Реал Солт Лејк е закажан за 7 декември. Пред крајот на годината ред e да се изберат најдобрите.

90 сантиметри и 2 секунди

Врвен фудбалер од светска класа и просечен полупрофесионален играч се разликуваат во само неколку сантиметри и милисекунди.

Италијански ножички

Пред само четири дена пензиониран фудбалер непречен од никого постигна атрактивен гол со ножички, а сега го имаме младиот Мендичино од третолигашот Салернитана кој иако имаше чувар до себе, ги крена на нозе навивачите на изораниот терен во Серија Ц.

И Британија има неуки министри

Новата британската министерка за спорт ја фатија на препад. И поставија пет прашања поврзани за спорт, помеѓу кои и за името на шампионката на Вимблдон и освојувачот на ФА Купот, а таа не знаеше ниту еден одговор.

Бошко Ѓуровски е нов селектор на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија за нов селектор на националниот тим го назначи поранешниот репрезентативец Бошко Ѓуровски кој го носеше дресот во деведесетите години.

Време е за новогодишни подароци

Има уште доста време до празниците, односно периодот кога ќе треба да делите подароци, но ние сакаме со време да ве подготвиме и да ви дадеме неколку предлози. Секој фудбалски фан би сакал да ги има овие фигури!

Пандев со Наполи ќе брка осминафинале во Дортмунд

Претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампионите може да донесе целосна разврска околу патниците во следната фаза, барем во вечерашната ноќ каде во центарот на вниманието повторно е групата на смртта. Еве што имате за играње на Типстер.

Фудбалска Европа полуде по шкотскиот Меси

Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Њукасл, Евертон... се само дел од екипите кои испратија свои скаути за 17-годишниот Рајан Гоулд, а на последниот натпревар тој покажа дека не е за џабе тоа што го викаат „мини Меси".

Пријателско блокирање

Не знаеме дали ова е дел од тактиката на колеџ тимот од Флорида за да се збуни противникот или па овие двајца играчи само сакаа да си се изгушкаат, но во секој случај оваа постапка е погрешна.

Јанковски незадржлив во дуелот со Општина Карпош

Започна седмото коло од Бизнис лигата на Македонија. Првиот ден од ова коло го одбележа голеадата на Ивица Јанковски од Montenegro кој постигна шест гола против Општина Карпош.

Манчестер Јунајтед ги разочара типстерите

Уште само пет денови до крајот на ноемвриската битка на Типстер. И овој викенд нашите натпреварувачи докажаа дека ги бива за типување, со неколку исклучоци, а најмногу беше пцуен Манчестер Јунајтед.

Голчиште ипол

Мајсторските голови често пати ни доаѓаат од ниските лиги, а овој пат го издвојуваме овој волеј удар од петтата англиска дивизија. Актерот е дефанзивец, а одбиената топка не дозволи да му тапне на земја, туку ја реши со два потези.

Навивачите на Сити тролаа со “срцето на Бејл“

Фудбалерите на Тотенхем доживеаа дебакл на вчерашното гостување во Манчестер, а дополнителен сеир претрпеа од навивачите.

Одлуката на Пандев не е кукавичка, мора да има причина за тоа

За мене е нон-сенс публиката да го исвиркува нашиот лидер Горан Пандев кој секогаш кога игра за репрезентацијата има на грб по двајца-тројца чувари. Го познавам лично и убеден сум дека ќе ја промени избрзаната одлука-вели за офф.нет Панче Ќумбев.

Ја рогна преку трибина

Французинот Гаел Какута кој е позајмен од Челси во Витесе, го изведе најлошиот шут на фудбалските терени оваа сезона. Во Македонија овој шут се вика „ја прати во пченките".

Локалниот клуб се сака и со дониран тутун

Големите европски клубови заработуваат од навивачите со наплаќање на членарини, продажба скапи влезници и навивачка опрема, а еден наш третолигаш опстанува со дониран тутун од страна на навивачите.

Фергусон заплашувал фудбалери со сабја

Сер Алекс Фергусон е познат по својот темперамент и не многу пријатниот третман кон фудбалерите кои не ги исполнувале неговите очекувања, а еден негов поранешен ученик откри уште еден начин на кој тој им држел лекции на играчите.

Меси пушти солза за македонскиот фудбал

Дури и на Лионел Меси му падна жал за празните трибини и мизерната состојба во која се наоѓа македонскиот фудбал.