БЛ 7-мо коло (прв ден)

Јанковски незадржлив во дуелот со Општина Карпош

Започна седмото коло од Бизнис лигата на Македонија. Првиот ден од ова коло го одбележа голеадата на Ивица Јанковски од Montenegro кој постигна шест гола против Општина Карпош.

Гранит и SISTINA одиграа реми
Гранит 3-3 (2-3) SISTINA
Гранит: Пепи Мицев 7', 31', Ивица Димишковски 20'
SISTINA: Влатко Кузманов 9', Александар Јаневски 15', 19'
Гранит го отвори натпреварот во 7' и дојде до водство, но не за долго. По само една минута SISTINA возврати, и не само што возврати, го сврте првото полувреме во своја полза одејќи со гол предност на полувремето 3-2. Во второто полувреме Гранит се врати во игра постигнувајќи погодок во средината на полувремето, по кој погодок SISTINA продолжи со нешто поофанзивна игра, во која немаше ефикасна завршница, промашија многу шанси за гол за да на крајот ги поделат бодовите.

Ивица Јанковски незадржлив во дуелот со Општина Карпош
Montenegro 11-2 (6-1) Општина Карпош
Montenegro: Сашо Павлоски 2', 4', 12', Ивица Јанковски 4', 10', 13', 27', 34', 40', Горан Новакоски 38', 39'
Општина Карпош: Стефче Митревски 14', Горан Димовски 34'
Во овој натпревар екипата на Montenegro прикажа апсолутна доминација со перфектна реализација во нападот. Кај Општина Карпош видливо беше неиграњето на неколку играчи, вака ослабени не можеа да се надеваат на некој позначителен резултат против расположениот Montenegro и го загубија овој натпревар со 11-2. Полувреме 6-1.

Искуството на ЈСП донесе победа над Dominos Pizza
Dominos Pizza 2-4 (1-2) ЈСП
Dominos Pizza: Павле Мирчевски 20', Оливер Младеновски 22'
ЈСП: Велко Серафимовски 10', 14', Далибор Миленковски 23', Тони Спасевски 32'
ЈСП и Dominos Pizza одиграа натпревар во духот на фер плеј играта. Се играше доста чист фидбал и на двете страни, без груби стартови, со многу луцидни потези во нападот. Екипата на ЈСП која долги години е во Бизнис Лигата, го искористи своето искуство и дојде до бодовите во овој натпревар од 2-4. Полувреме 1-2.

26 ноември 2013 - 08:28