Фудбалска Европа полуде по шкотскиот Меси

Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Њукасл, Евертон... се само дел од екипите кои испратија свои скаути за 17-годишниот Рајан Гоулд, а на последниот натпревар тој покажа дека не е за џабе тоа што го викаат „мини Меси".

Има одлична лева нога, сјаен дриблинг, ги растура противничките одбрани и често дава голови. Не, не станува збор за Лионел Меси, туку за едно дете од Шкотска кое го нарекоа „мини Меси".

17-годишниот Рајан Гоулд од Данди Јунајтед го привлече вниманието на сите фудбалски гиганти, а неговата цена расте од ден на ден. Неколку фудбалски клубови имаа свои скаути на последниот натпревар на Данди Јунајтед во шкотското првенство против Партик Тисл, а тој имаше што да им покаже.

Данди Јунајтед победи со 4:1, а Рајан беше асистент на сите четири голови.

 

26 ноември 2013 - 09:43