Овој викенд најмногу типстери веруваа во Манчестер Јунајтед, но беа разочарани во 91-та минута кога Кардиф израмни на 2:2. На победата на Манчестер Јунајтед беа вложени 2.657 кредити, а 2.240 кредити типстерите загубија на Наполи. Тимот на Горан Пандев губи втора недела по ред, а кризата ја продлабочи и Милан кој не знае за победа веќе пет кола и на типстерите им „изгоре" 2.166 кредити.
Помеѓу поголемите разочарувања викендов беа и Интер, Порто и Валенсија.
Најмногу кредити типстерите ова коло заработија на победата на Челси на гостувањето кај Вест Хем. На Челси беа вложени 2.626, а по нив беше победата на Арсенал над Саутемптон со 2.298 кредити. Викендов очекувањата на типстерите ги исполнија и Реал Мадрид, Монако и Атлетико Мадрид.
Најголем махер викендов беше Antonij Antoniev кој погоди 40 од 58 типувани натпревари и заработи 84 кредити. Никола Јанев оствари профит од 72,25 кредити, а Royal Blue ќари 71,70 кредити.
За малер или лузер на колото го прогласуваме Koko Oko Moje кој од 144 типови погоди само 56 и загуби 359,6 кредити.
До крајот на ноемвриската трка има само уште пет денови, а во моментов на првата позиција е Саше со голема предност и салдо од 276,55 кредити. Борбата за подароци ќе се води до последен момент, а за сега предност имаат Kristijan Jordanov, Kiko Kuzmanoski и ViGI.
И оваа недела имаме богата понуда со многу натпревари. Во вторник и среда се играат натпревари од Лигата на шампиони, во четврток на програмата е Лига Европа, а во петок започнува ново коло од националните првенства.