Во минатото сме пишувало за тоа како фудбалските клубови биле спасени од банкрот со донации на финансиски средства од страна на навивачи, а имало и случаи кога навивачки се разголувале и сликале голи за календар со чија продажба подоцна се финансирал клубот.
Но во прилепското село Горно Коњари немаат вишок пари за донирање, ниту пак имаат навивачки расположени за разголување, па навивачите го помагаат својот локален клуб со донирање на тутун.
ФК Големо Коњари преку својот Фејсбук профил им се заблагодари на луѓето кои донираа тутун и парични средства за потребите на клубот. По првиот ден од акцијата, дури 27 луѓе донирале тутун (кој по една, кој по две бали), а еден навивач донирал и пари.
Принципот на финансирање на клубот за сега функционира одлично. По 13 одиграни натпревари ФК Големо Коњари се наоѓа на првото место во Третата лига - Југ и е на добар да се избори за пласман во втората лига.