Пак се изборивме за место во Сеоски фудбал, два пати за еден ден. Прво со урнебесната сцена од прволигашкиот, а сега и од нисколигашкиот фудбал. Иљоооо види го бе гојдо, рече прилепскиот стратег.
Ни стига порака во сандаче со опис: „ГФК Вардар Неготино - Големо Коњари. Ремек дело за првиот гол“. Се разбира мора тоа да се види и објави. Вакви видеа сакаме ние, автентични, од нашиот нисколигашки фудбал кој има луѓе што го негуваат со душа и Твитер.
Големите европски клубови заработуваат од навивачите со наплаќање на членарини, продажба скапи влезници и навивачка опрема, а еден наш третолигаш опстанува со дониран тутун од страна на навивачите.