ГФК Вардар Неготино - Големо Коњари е меч од третата македонска лига - центар, за кој ни пишаа самите Вардарци од нивниот Фејсбук профил. Целта е да споделиме голчиште кое му го дале на гостинот, инаку село во близина на Прилеп каде е роден Гоце Седловски.
Пред да го објавиме, да фрлиме око кој е уствари овој Вардар? Се работи за истиот клуб кој има големо ривалство со Тиквеш за кое пишувавме минатата сезона и на кое мора да се потсетите бидејќи има квалитетен мастрав.
Тогаш беа во втора, сега се во трета лига, ама без разлика на тоа и тие се дел од мангупското Твитер друштво со Осогово и Саса. Кога мислиме на автентично, мислиме и на ваков твит.
Вака кога ги читам дешавките, добро е што имаме било каков фудбал. За поздрав се сите клубови што егзистираат како знаат. https://t.co/uNIJ7jQqYU
— Серпентина (@AntidoteThought) November 21, 2019
Очекуваната ВИП ложа им изгледа вака.
ВИП ложа на Цвај Арена Неготино. pic.twitter.com/3ngmulcd5W
— Г.Ф.К Вардар - Неготино (@vardarnegotino) November 15, 2019
Ретвитаат и кога ќе начекаат прилика да го тролаат ривалот оддалечен 11 км од нив.
Ајдеее!!!
— Гуру де Коркаш™ (@BejbiBoy) January 27, 2020
Стадионот во Кавадарци преоран за да се сади марихуана, почвата била погодна повеќе за садење трава отколку да трчаат дрва по неа, изјави тренерот на фк. тиквеш... pic.twitter.com/USGKUQ7DUa
Инаку ги послушаа препораките од владата, па Цвај арената за жал беше празна.
Но сепак, снимени се двата гола со кој победија ова коло 2:0 против Горно Коњари. Стрелци: Дане Митрев и Жаре Донев. На првиот, живиот ѕид џабе крадеше простор.