Таг: вардар неготино

Дане Жунињо Митрев од Неготино

Ни стига порака во сандаче со опис: „ГФК Вардар Неготино - Големо Коњари. Ремек дело за првиот гол“. Се разбира мора тоа да се види и објави. Вакви видеа сакаме ние, автентични, од нашиот нисколигашки фудбал кој има луѓе што го негуваат со душа и Твитер.

Го видовте ли кочанскиот Меси на дербито на Тиквешијата?

Во големото дерби на втората македонска лига меѓу Тиквеш и Вардар Неготино, домашните славеа со високи 4-0, а момент на мечот беше чудесниот гол на Андреј Лазаров кој прими една топка надвор од шеснаесетникот и направи дар-мар пред голот на Иванов.

Како Неготинчани им пукаа сеир на Кавадарчани за возот

Во викенд со Бока – Ривер, Милан – Јуве, Сити – Јунајтед и Борусија – Баерн, одиме да видиме што се случуваше во нашиот второлигашки фудбал, поточно во тиквешијата каде и оваа година беше забавно на трибините. Можеби нема добар фудбал, ама има јаки навивачи.

Фудбалот во Македонија се сака и во трета лига

Викендов имаше каубојско однесување на стадионот во Чаир, римско дерби без навивачи и полно Ел Класико со скоро 100.000 навивачи. Но рангот и квалитетот на фудбалот не е секогаш пресудни за интересот на публиката, а тоа се виде во Неготино.