
„Граѓаните" викендов броеа до 6 на средбата против составот на Вилаш Боаш, но на домашните навивачи очигледно тоа не им беше доволно, па головите ги прославуваа употребувајќи го типично славје на поранешна ѕвезда на противникот Герет Бејл.
Велшкиот репрезентативец го напушти Лондон за рекордна сума од 100 милиони евра и замина во Реал Мадрид, но Тотенхем сезонава има проблем со реализацијата затоа што по 12 кола во Премиер лигата постигнаа само 9 гола.
И покрај големиот број на засилувања, на лондонскиот тим очигледно дека им недостасува човекот кој од природната лева бековска позиција се трансформираше во врвен голгетер кој со 21 гол заврши на третата позиција на листата на стрелци.