Offside

Во Германија со месеци се дискутира проблематиката со инфлуенсери и влогери на стадионите а сега прв реагираше Динамо Дрезден, култниот клуб од источна Германија кој презема мерки со цел да се сузбие злоупотребата на права.

Montenegro убедливо против ЕЛЕМ

Продолжија возбудувањата од Бизнис Лигата на Македонија со уште три натпревари од 13-то коло.

Челси ги скроти турските „лавови“

Четата на Мурињо без поголем отпор успеа да го совлада Галатасарај, а Реал Мадрид рутински го одработи реваншот против Шалке за пласман во четврфиналето на Лигата на шампиони.

Ромарио удри и по Роналдо

По жестоките критики против челните луѓе на ФИФА околу организацијата за Светското фудбалско првенство, бразилската фудбалска легенда нападна друга бразилска легенда со која заедно настапуваше за националниот тим.

Лудачки кош со една рака

На школски натпревар во САД со звукот на сирената на крајот од првото полувреме, падна ретко виден кош со една рака и тоа од едниот до другиот крај на паркетот.

Како Лутон го зафркна модерниот фудбал

Поучени од примерите на Кардиф и Хал Сити и нивните нови газди кои сакаат да ја менуваат цела традиција на клубовите, Лутон Таун им даде право на вето на навивачите.

Како Шалке се подготвува за Мадрид

Екипата на Шалке загуби со 1:6 на домашен терен од Реал Мадрид, а фудбалерите на германскиот претставник знаат дека црно им се пишува и на реваншот во Шпанија, па Леон Горецка си се подготви за полесно да ја поднесе авантурата во Мадрид.

Галатасарај по изненадување, Шалке туристички во Мадрид

Дидие Дрогба по две години се враќа на „Стемфорд Бриџ“ каде по оние 1:1, ќе се обиде да го елиминира тимот со кој го подигна пехарот во ЛШ. На втората пресметка „Кралевите“ ќе имаат само тренинг меч против Германците кои имаат негатива од 6:1.

Новите болиди се претивки за Формула 1

Организаторите и гледачите на трката во Австралија на отворањето од новата сезона во Формула 1, се пожалија дека новите болиди не биле доволно гласни. Еве како тие звучеа во споредба со минатата година.

Малдини: Го уништија Милан

Легендарниот дефанзивец бил во преговори за местото спортски директор, но по двата разговори со Барбара Берлускони не добил уште еден телефонски повик.

Катарците платиле мито за Светското првенство

Откриен е уште еден скандал за Светското првенство во 2022-та година. Поранешниот потпретседател на ФИФА примил 2 милиони долари мито од катарска компанија и тоа 2 недели откако Катар го доби Светското првенство.

Сите голови на Меси за Барса

Со последниот хет-трик, Лионел Меси на 26 години стана најдобар стрелец во историјата на каталонскиот тим. Погледнете ги сите 371 гол на Аргентинецот во дресот на Барселона.

UNIQA немаше решение за голманот на Лукоил

Стартуваа натпреварите од 13-то коло на Бизнис Лигата на Македонија.

Дабл-дабл на Антиќ за четврта победа по ред на Атланта

Уште едно солидно издание на Перо Антиќ за четврта победа во серија на Атланта Хокс. Со „дабл дабл" учинок на Антиќ, Атланта ја победи екипата на Шарлот со 97:93.

Неуморниот лисец не се откажува ниту на 75 години

Најтрофејниот италијански стратег кој денеска слави роденден, иако има веќе 40 години тренерски стаж нема намера да чува внуци. Во моментов е без ангажман, но очекува телефонски повик од Африка каде веројатно ќе продолжи со работа.

Рекордерот си ја прибра дома топката

Аргентинскиот волшебник синоќа постигна хет-трик кој влезе на посебно место во историјата на Барселона.

Фотографот кој не умее ич со топка

Сè и сешто се изнагледавме денеска. Од смешен автогол, смотан голман, луд тројкаџија, па до расплакан навивач. Од третата шкотска лига го имаме и најкомичниот лик кој знае само да слика.

ФИФПро бара фудбалерите да бидат беспари

Во време кога клубовите почнаа да заработуваат и по неверојатни 100 милиони евра од еден играч, од кујната на светскиот синдикат на фудбалери се појави една луда идеја, а тоа е во фудбалот да не се плаќа повеќе за трансфери на играчи.

Манолин и големиот Роналдо

Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека освен што е одличен фудбалер, тој е голем човек и го усреќи малиот Манолин.

Четири тројки за 30 секунди

Лојд Стрикленд кој настапува во канадската колеџ лига за малку не направи чудо. Тој се збрлаве во последните мигови од средбата кога почна сите да ги дрибла и да погодува тројки од кај ќе стигне. И покрај лудата серија, неговиот тим загуби со поен разлика.

Квјат сруши рекорд на Фетел

Русинот Данил Квјат стана најмладиот возач во историјата на Формула 1 со освоени поени на трка.

Легендите на Јунајтед ги праќаат децата во Сити

Уште еден поразителен податок за Манчестер Јунајтед. Четири сегашни и поранешни играчи на Јунајтед не им даваат на своите деца да тренираат во овој клуб, туку ги праќаат во академијата на градскиот ривал Манчестер Сити.

Фер-плеј за смотаниот голман

Италијански петтолигаши демонстрираа неверојатен спортски дух и ферплеј откако смотаниот голман на Ферсина и подари гол на екипата на Дро чиј фудбалер само сакаше да ја врати топката која беше исфрлена во аут заради повреден играч.

ЕЛЕМ екипа на колото во Бизнис Лигата

Ова коло донесе многу дерби натпревари во кои се виде дека борбата за првите осум екипи кои водат до тронот ќе биде мошне израмнета.