САД – Англија 1:0 (29 јуни, СП 1950)
Американците влегоа во овој дуел како тотални аутсајдери, а претходно загубија седум мечеви во низа. Дури и селекторот изјави дека немаат шанси против Англија. Но Џо Гајзенс за кој уште во воведот на Википедија пишува дека им дал гол на Англичаните во 1950, ја приреди сензацијата. Легендата говори дека некои новинари биле збунети од резултатот па во написите напишале 10:1 за Англија.
Уругвај – Бразил (16 јули, СП 1950)
Домаќините на четвртото Светско првенство беа уште поголеми фаворити од сега, а за противник во финалето го имаат малиот Уругвај, земја со 3 милиони жители. Во 79 минута при резултат 1:1 Алсидес Гиџа постигна гол по кој им се стемни на рекордните 200.000 Бразилци на легендарната „Маракана“.
Англија – Унгарија 3:6 (25 ноември 1954, пријателска)
Го нарекувале „натпревар на векот“ на кој арогантните Англичани биле сигурни дека тоа ќе биде само тренинг меч на „Вембли“ каде немале до тогаш пораз. Легендарниот Ференц Пушкаш не бил познат на островот, но со иновативната 2-3-3-2 формација Унгарците му одржале лекција на „Гордиот албион“. Нандор Хидекути постигнал хет-трик, два гола постигнал Пушкаш и еден Јозеф Божик. По овој пораз Англичаните работеле како да внесат напредок во тренажниот процес на играчите.
Вимблдон – Ливерпул 1:0 (14 мај 1988, ФА Куп)
Фудбалерите на Ливерпул таа сезона стигнаа до својата 17 титула во Англија со само два порази, а во претходните 11 години освоија четири европски круни. Но во финалето од ФА Купот се сретнаа со најлудото англиско друштво кое им го направи едно од најголемите изненадувањата во нивната историја.
Милан – Барселона 4:0 (18 мај 1994, Лига на шампиони)
Силниот каталонски тим предводен од Јохан Кројф во составот имаше играчи како Ромарио, Христо Стоичков, Роналд Куман и Пеп Гвардиола, а две години претходно ја освои титулата во најквалитетното клупско европско натпреварување. На Олимпискиот стадион во Атина своја вечер имаа момчињата на Фабио Капело кои ја декласираа Барселона со двата гола на Даниеле Масаро, извонредниот лоб на Дејан Савичевиќ и погодокот на Марсел Десаи.
Германија – Англија 1:5 (1 септември 2001, СП квалификации)
Големите ривали на европскиот репрезентативен фудбал се сретнаа во квалификацискиот циклус за СП Јапонија и Јужна Кореја. Дербито на „Вембли“ го решија Германците со 1:0, а на семафорот во Минхен на крај стоеше слатка одмазда која никој не ја очекуваше. Четата на Свен Горан Ериксон блесна со хет-трикот на Мајкл Овен и головите на Џерард и Хески.
Португалија – Грција 0:1 (4 јули, ЕП 2004)
Домаќините ја бркаа првата шампионска титула на Европските првенства, а во финале беа фаворити против селекцијата на Грција од која загубија претходно во групната фаза со 1:0. Младиот Кристијано Роналдо и искусниот Луис Фиго немаа лек ниту на реваншот. Европската сензација ја приреди Ангелос Харистеас кој го постигна голот вреден титула.
Барселона – Реал Мадрид 5:0 (29 ноември, 2010, Примера)
Прво „Ел Класико“ за Жозе Мурињо и дебакл. Тренерот кој одлично знае како да паркира автобуси, чудно е да води екипа која ќе прими пет голови. Тики-така играта го донесе најголемиот триумф во големото шпанско дерби на кое реализираа два пати Виља и по еднаш Чави, Педро и Џефрен.
Манчестер Јунајтед – Манчестер Сити 1:6 (23 октомври 2011, Премиер лига)
Историско градско дерби кое нема никогаш да се избрише од меморијата на навивачите на Сити кои под водство на Манчини во трилер завршница по дури 44 години ја освоија титула во првенството. За „Црвените ѓаволи“ шокантниот пораз беше највисок пред своја публика по 1955 година. Агуеро и Џеко постигнаа по два гола и уште по еден Агуеро и Силва. Интересно е што последните три голови „Граѓаните“ ги постигнаа во судиското продолжение.
Барселона – Баерн Минхен 0:3 (1 мај 2013, Лига на шампиони)
Овој полуфинален двобој пред две години во Лигата на шампионите беше доказ дека доминацијата на Барселона не може да трае вечно. Тимот на нивниот довчерашен стратег Пеп Гвардиола беше неприкосновен со вкупни 7:0 на двете средби. Барселона беше како загубена на теренот каде доминираше само еден клуб кој потоа стигна до трофејот. Робен, Милер и автоголот на Пике беа стрелци.