
Доминацијата на портокаловата боја потекнува уште од времето на кралот Вилијам Оринџ кој бил еден од главните лидери за време на војната со Шпанија во 16 век. За време на револуцијата, бунтовниците сакале да му направат чест на својот крал и црвената боја на неофицијалното знаме ја промениле во портокалова.
Иако на холандското знаме биле повторно вратени белата, црвената и сината, сепак портокаловата боја останала на кралското семејство, како и на дресовите на националните спортски колективи.
Нешто постаро е потеклото и на лавот кој е главно обележје на навивачите и маскотите. Тој денеска се смета за историски симбол од времето на Светото Римско Царство кој прв пат го користел Карло V за време на неговото владеење во 1515 година.
Лавот е симбол на логото на Холандската фудбалска федерација, како и на дресот на Холандија повеќе од 100 години. Фудбалерите за прв го носеле на натпреварот против Белгија во 1907 година кој го добиле со 3:1.
Навивачите често пати го користат лавот и за скандирање за време на натпреварите, особено во најпопуларната песна “Hup Holland Hup” која потекнува од 1950 година.
Навивачката група само затоа што го носи името „Лавови“ од фудбалската федерација доби 500 гратис влезници за пријателскиот натпревар помеѓу Холандија и Колумбија кој се одигра минатата година.
Досега со нивна поддршка селекцијата на Холандија стигна до европска титула во 1988 година, како и до три финалиња на Мундијалите. Во Бразил се пласираше во полуфинале каде беше елиминирата на пенали од Аргентина.