Втор гол на мечот (23 минута)
Ситуација четири на седум. Марсело не чува никого, а централните дефанзивци се статични. Топката ја има Тони Крос кој и е опкружен од тројца Бразилци, Томас Милер втрчува дијагонално и добива топка.
Бразилците се движат бавно и го посматраат крајот на акцијата, а Германија со голот на Клосе лесно стигнува до 2:0.
Трет гол (24 минута)
Филип Лам нафрла од страна, а за тоа време сите Бразилци ја гледаат топката. Во шеснаесетникот има само еден германски фудбалер и тројца во жолт дрес. Осамениот Крос влетува од позадина и зголемува на 3:0.
Четврти гол (25 минута)
Крос му ја краде топката на Фернандињо, но по неговата грешка никој не се враќа назад да помогне. Давид Луиз се очекуваше да командува во одбраната, но тој си трчкаше како на тренинг.
И не ни се потруди да стигне до шеснаесетникот.
Петти гол (29 минута)
Бразилците кренаа раце од мечот, а тоа најдобро се гледа по четворицата играчи кои се однесуваат ноншалантно.
По само две додавања Германија зголемува на 5:0, а момците кои играат пред нација од 200 милиони жители немаат абер да помогнат во шеснаесетникот.