Offside

Во Германија со месеци се дискутира проблематиката со инфлуенсери и влогери на стадионите а сега прв реагираше Динамо Дрезден, култниот клуб од источна Германија кој презема мерки со цел да се сузбие злоупотребата на права.

Историјата на ривалството меѓу Манчестер и Ливерпул

По заминувањето на Фергусон, Манчестер Јунајтед никако да излезе од калта и реди порази, но ниту еден пораз не болеше како последниот од најголемиот ривал Ливерпул. Ривалството на фудбалските терени и надвор од нив трае 120 години.

Најлудиот автогол падна во Ерменија

Еден од најсмешните автоголови на сите времиња беше постигнат минатата недела на второлигашки натпревар во Ерменија помеѓу екипите на Алашкерт и Ширак.

ЖРК Вардар е во најдобрата европска четворка

Македонскиот ракометен шампион почна да си го остварува сонот. Со победата против шведски Савехоф од 24:18, Вардарки избија на челната позиција во групата и обезбедија пласман во елитното фајнлфор друштво.

Триумф на Розберг на стартот од сезоната во Ф1

Германецот Нико Розберг од Мерцедес ја освои првата трка од новата сезона во Формула 1, а Себастијан Фетел и Луис Хамилтон се откажаа уште на стартот.

Перо си поигруваше со Денвер

Перо Антиќ одигра уште еден одличен натпревар и постигна 16 поени при победата на Атланта над Денвер, а од ова негово издание се издвојуваат два моменти.

Атланта реди победи по враќањето на Антиќ

По уште едно одлично издание на Перо Антиќ, кошаркарите на Атланта Хокс ја победија екипата на Денвер Нагетс и го забележаа третиот триумф во серија.

„Штрковите“ ја добија првата меч топка за Еврокупот

Кошаркарите на МЗТ Скопје триумфираа на првата од последните три пресметки во регионалната АБА лига во која го бркаат шестото место на табелата кое носи излез во Европа. Тимот од Аеродром беше подобар од босански Широки со 82:71.

Голчиште или среќлија на сезоната?

Мотаз Салани од екипата на Ал-Ведат во лигата на Јордан го постигна најчудниот гол оваа сезона. Намерно или не? Одлучете сами дали ова е најдобриот гол сезонава или Мотаз е најголем среќлија.

Тикет на колото

Овој викенд тикетот на колото ни го состави лидерот на типстер, Менде кој води убедливо на првата позиција овој месец, но и на вкупната листа на типстери.

Голови на неделата

И оваа недела уредниците на TVGOLO направија одличен избор од најдобрите голчишта од изминатите седум денови. Десет гола, кој од кој поубав.

Можни четири „Ел Класико“ битки за 24 дена

Ова сценарио всушност зависи од ждрепката за четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите која е закажана за 21 март.

Најлошо облечените играчи на Мундијалите

Ние го имаме Тан и тоа не е спорно, но „Footballdaily“ ги собра на едно место оние кои најмногу експериментираа со боите на дресовите за време на Светските првенства. Мексиканскиот голман Хорхе Кампос е најголемиот шаренко.

Светско првенство помеѓу Најк и Адидас

Мундијалот во Бразил нема да биде само битка помеѓу 32 нации, туку и натпревар помеѓу двете најголеми мултинационални спортски компании Најк и Адидас кои ќе се борат за што поголемa промоција пред светот..

Џабе толку глума

Албанскиот интернационалец кој игра за австралискиот клуб Бризбејн, Бесарт Бериша се обиде да избегне црвен картон со глумење на риба на суво, но тоа не му помогна.

Кош од невозможно одбивање

Сме се изнагледале кошеви во последна секунда преку цел терен, но до сега немавме видено вакво неверојатно поентирање со одбивање од табла.

Натпревар на сезоната за ЖРК Вардар

По пауза од 12 години кога се случуваше големата ракометна треска со Кометал Ѓорче Петров, Вардарки ги делат само 60 минути за да почнат со испишување на нова историја за македонскиот женски ракомет во најелитното клупско европско натпреварување.

Хамилтон ја прекинува доминацијата на Фетел?

По скоро четири месеци чекање, се врати големиот спектакл на високи октани. Стартува 65-та сезона на Формула 1 шампионатот без големи фаворити за освојување на титулата.

Бундеслигата во чест на рекордерот Новески

Николче Новески го продолжи договорот со Мајнц каде ќе остане уште една сезона. Истиот ден кога тој потпиша нов договор, Бундеслигата му објави видео посветено на неговиот неславен рекорд.

Последното интервју на Петар Милошевски

Голема трагедија за македонскиот спорт. Во сообраќајна несреќа синоќа загина спортскиот директор на македонската фудбалска федерација и поранешен репрезентативен голман, Петар Милошевски. Ова е неговото последно интервју во кое за MacedonianFootball.com говореше за македонскиот фудбал.

Нова победа на Атланта

Кошаркарите на Атланта Хокс на домашен терен ја совладаа екипата на Милвоки Бакс и по подолго време врзаа две победи во серија.

Севиља и пресуди на Севиља

По првите осминафинални натпревари во Лига Европа, солидна преност за реваншите си обезбедија Валенсија, Бенфика и Лион, а Бетис ја шокираше Севиља со гол на Севиља. Пандев ги одигра последните 11 минути во минималниот пораз на Наполи во Порто.

Богатството на тенисерите за 2013 година

На врвните тениски имиња не им е толку зорт за пари ако не им тргне на турнирите. Освен Серена Вилијамс, сите останати на оваа листа џебовите минатата година си го наполните повеќе од реклами. Федерер лани освои само еден турнир, но од маркетингот ќарил 20 пати повеќе.

Падобранец под кош

Блејк Грифин немаше абер за да се вклучи во акцијата на своите соиграчи кои не успеаа со три поени да го завршат нападот. Но кога требаше тој никна како печурка.

Мислам дека го видов топчето

Фото на денот: момент од натпреварот помеѓу Милош Раониќ и Енди Мареј на тенискиот турнир во Индијан Велс.