Германија - Франција 1:0
Хумелс 13`
Селекцијата на Германија четири пати во низа успева да избори пласман во големата четворка на Светските првенства, откако тактички ја доби тешката пресметка против составот на Дешамп. Голот вреден полуфинале го постигна дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс во 13 минута кој беше највисок во скокот по изведениот слободен удар. Французите имаа свои моменти и шанси за израмнување, а најзабележителен и најупорен на теренот беше Бензема кој не успеа да го совлада одличниот Мануел Ноер во неколку ситуации.