Полуфиналните двојки Бразил – Германија и Аргентина – Холандија тежат 12 Светски титули и 21 одиграно финале. Овие дуели во минатото беа дел и од финалињата. Во 2002 година во Јокохама Бразилците предводени од Роналдо славеа со 2:0 против „Панцирите“, а во 1978 година во Буенос Аирес, Аргентина со Марио Кемпес беше подобра од Холандија предводена од легендарниот Јохан Кројф.
Најголемиот дел од кремот на фудбалот во полуфиналињата доаѓа од најсилните пет европски првенства. Дури 28% од фудбалерите се дел од Бундеслигата, а најблизу до неа се Премиер лигата со 23% и Серија А со 19%. Пред Примера и Лига 1, позастапени се играчите од холандската лига со 14%.
Во конкуренција на клубови, во полуфиналињата најмногу ќе се радуваат навивачите на Баерн Минхен кои ќе бодрат 9 играчи од кои 7 се Германци. Петмина претставници има Феенорд, а по 4 имаат Интер, Наполи, ПСЖ, Барселона, Челси и Борусија Дортмунд.
Навивачите на Интер и Наполи најголеми мотиви за поддршка ќе имаат кога ќе игра Аргентина. На „Џузепе Меаца“ настапуваат Алварез, Паласио и Кампањаро, а колеги на Пандев му се Игуаин, Фернандез и Андухар.