Голманот на Холандија e мамина маза

Чуварот на голот на Ајакс иако живее на само неколку минути од тренинг базата на клубот, задолжително се јавува дома за да каже дена стигнал жив и здрав. Еден негов репрезентативен колега кој живее во стан, на девојка му и донел дома коњ.

Секаде со мама и тато

Јаспер Силесен е тесно поврзан со неговите родители кои го следат каде и да патува со тимот. Иако беше повикан како трет голман за Холандија на Светското во Јужна Африка пред четири години, мајка му и татко му заминаа да го гледаат во живо до другиот крај на светот. И покрај тоа што беше забетониран на клупата за резервни играчи, неговите родители плачеа и се тресеа за време на интонирањето на химната. Кога Силесен вози до тренинг базата на Ајакс за што му се потребни околу седум минути, кога ќе пристигне веднаш ја известува мајка му, а тоа ги прави и по секој тренинг за да и раскаже како си поминал. Таа пак ги собира сите слики од него, а кога не успеа да обезбеди од ланското патување во Азија, го сликаше телевизорот кога нејзиниот син се појави во кадар. „Доколку не добиев толкава поддршка од нив, немаше да стигнам до тука“, изјави холандскиот репрезентативец.

Преживеаниот роднина на Џермеин Ленс

Вујкото на напаѓачот на Динамо Киев е Сиги Ленс, поранешен фудбалер на АЗ Алкмар. Тој беше еден од 11 преживеани во големата авионска несреќа која се случи во јужноамериканската држава Суринам во 1989 година, кога загинаа 176 луѓе меѓу кои и група на холандски фудбалери. Поради тешки повреди тој не можеше повеќе да игра фудбал, но стана познат фудбалски менаџер и тоа на славните Патрик Клајверт, Кларенс Сидорф, Едгар Давидс, Винстон Богард и Михаел Рајзингер. Кариерата на неговиот внук не сакаше да ја води затоа што бизнисот и приватниот живот смета дека не треба да се мешаат. Џермеин е голем љубител на мотори, а еднаш го фати полиција без возачка дозвола.

По стапките на татко му

Татко на Дејли Блинд е Дени Блинд кој беше капитен на Ајакс со кој ја освои Лигата на шампионите во 1995 година. Тој му е помошник на Луи ван Гал, а најверојатно и ќе го замени на селекторската функција по Мундијалот во Бразил, откако овој ќе го презеде Манчестер Јунајтед. Кога пред три години Ван Гал водеше војна со легендарниот Јохан Кројф околу целосната контрола врз Ајакс, Блинд застана на страната на својот соработник. Неговиот син кој од стартот на кариерата настапува за Ајакс беше на искушение кога на само 16 години Тиери Анри го посоветува дека треба да се пресели во Арсенал.

Раперот Депаи

Не го викајте Депаи, неговото име е Мемфис, а тоа му го пишува и на маицата. Депаи е презимето на неговиот татко кој го остави заедно со мајка му кога имаше само четири години, а тие едвај преживеаа без пари. Мемфис подеднакво ги сака фудбалот и рапот, а се реши за фудбалска кариера која ја гради во тимот на ПСВ. Тој секогаш последен го напушта тренингот, а амбицијата му е да стане како Робен, Роналдо и Азард. Телото му е полно со тетоважи, а најдобар пријател му е кучето Симба.

Подарокот на Лерој Фер

Кога фудбалерот на Норич требаше да го напушти Твенте за да замине во Евертон, веста за трансферот беше прерано објавена од страна на пријател на претседателот на холандскиот клуб. Зделката пропадна затоа што не успеа да ги мине лекарските прегледи. 24 годишниот холандски репрезентативец на девојка му и поради коњ, но откако сфати дека е преголем за да го чува со стан, го продаде.

4 јули 2014 - 11:03