Игуаин ја испрати Белгија дома

Мундијалската завршница доби уште еден великан помеѓу најдобрата четворка. Фудбалерите на Аргентина во стилот на Германија, со само еден погодок на стартот од натпреварот се избори за полуфинале, каде ќе го чека победникот од дуелот помеѓу Холандија и Костарика.

Аргентина - Белгија 1:0
Игуаин 7` 

Селекторот Aлехандро Сабеја тргна офанзивно со Ди Марија, Лавеци, Меси и Игуаин, но Аргентиците и покрај офанзивната и опасна формација не изгледаа толку доминантно на теренот. Напаѓачот на Наполи Гонзало Игуаин беше творец на триумфот на Аргентина вреден полуфинале кој го постигна уште во седмата минута. Белгија се обиде да стигне до израмнување, но шансите ги создаде многу доцна при крајот од натпреварот. Најсериозната прилика за зголемувањето на водството ја имаше Лионел Меси кој во дуелот еден на еден не успеа да го измами Куртоа. Голманот на Атлетико Мадрид со тоа и натаму не дозволува да прими гол од фудбалерот на Барселона и во нивното осмо соочување.

Реакцијата на аргентинскиот селектор откако Игуаин направи слалом, но ја погоди само пречката.

5 јули 2014 - 20:09