На последното рангирање на АТП листата, српскиот тенисер благодарение на вчерашните 2.000 освоени поени кои носат за победа на најпрестижниот турнир во светот, се врати на челната позиција за прв пат по октомври 2013 година.
Рафаел Надал освои само 170 поени, а тоа се должи на сензацијата која му ја приреди младиот Австралиец Ник Киргиос кој го елиминираше Шпанецот во осминафиналето. Скок од едно место со нови 1.200 поени направи Федерер кој го помина својот сонародник Вавринка.
Најмногу позиции загуби бранителот на титулата Енди Мареј кој падна на 10 позиција, а најдобриот пласман во кариерата го оствари Григор Димитров кој со пласманот во полуфиналето освои 720 поени и е за едно место подобар од ланскиот освојувач на Вимблдон.
Вчерашното соочување помеѓу Ѓоковиќ и Федерер беше вкупно 35, а Швајцарецот води со 18:17. Со вчерашната победа српскиот тенисер стигна до својата седма Грен слем титула на вкупно три турнири: Австралија Опен (2008, 2011, 2012, 2013), Вимблдон (2011, 2014) и УС Опен (2011)
АТП ранг листа, топ 10:
1. (2) Новак Ѓоковиќ (Србија) 13.130 бодови
2. (1) Рафаел Надал (Шпанија) 12.670
3. (4) Роџер Федерер (Швајцарија) 6.100
4. (3) Станислас Вавринка (Швајцарија) 5.770
5. (6) Томаш Бердих (Чешка) 4.410
6. (9) Милош Раониќ (Канада) 3.920
7. (7) Давид Ферер (Шпанија) 3.875
8. (8) Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) 3.360
9. (13) Григор Димитров (Бугарија) 3.270
10. (5) Енди Мари (В.Британија) 3.040