Offside

Во Германија со месеци се дискутира проблематиката со инфлуенсери и влогери на стадионите а сега прв реагираше Динамо Дрезден, култниот клуб од источна Германија кој презема мерки со цел да се сузбие злоупотребата на права.

Ромарио: Блатер е корумпиран кучкин син!

Поранешниот бразилски фудбалер кој во моментов е успешен политичар, ги критикуваше првите луѓе на ФИФА.

Пандев со Наполи на мегдан кај португалскиот првак

Осминафиналето од Лигата на Европа се очекува да ни донесе неизвесни и возбудливи средби. Нашиот единствен претставник на меѓународната сцена ќе патува во Порто, а амбициозната Фиорентина гостува во Торино.

Претседателот на Баерн Минхен ќе оди во затвор

Иако Јавното обвинителство во Германија првично побара затворска казна од пет и пол години, Ули Хенес е осуден на три и пол години за затајување на данок.

Скок од едно место за Македонија

Со победата против Летонија минатата недела, македонската фудбалска репрезентација се искачи на 82 место на најновата ранг листа на ФИФА.

Фетел ќе се докажува со Сузи

Себастијан Фетел ја продолжува традицијата со имињата на своите болиди. Како и претходните години и оваа сезона неговиот болид ќе носи женско име.

Руски третолигашки проектил

Третолигашот Тосно кој е оформен минатото лето, направи сензација во рускиот куп елиминирајќи го Спартак Москва и тоа со овој прекрасен гол на Владимир Филатов.

Босна најмалку интересна за навивачите

Повеќе од две третини од влезниците за Светското првенство во Бразил ги снема за помалку од три часа откако ФИФА вчера ја започна новата тура за продажба на карти.

ЈСП - Македонски Телеком израмнето

Комплетирано е 13-то коло од Бизнис лигата на Македонија.

Барселона и ПСЖ ја потврдија доминацијата

Без изненадување заврши и втората ноќ од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите во која Барселона со гол во судиското продолжение од средбата славеше со 2:1 против Манчестер Сити. Со идентичен резултат заврши и дуелот во Париз.

Дрога, разводи и банкрот во фудбалот

Не е секој фудбалер Руни со договор од 300.000 фунти неделно и ги нема секој истите мераци како Роналдо со 17 милиони евра годишна плата и Ирина Шејк по дома. Овој спорт во некои куќи носи проблеми со пари, депресија, болести и разводи.

Хокеј ферка еден на еден

Тепачките во хокеј не се ништо ново, но оваа е посебна, со голи раце, без кациги, но и со завршна гушка.

Новите правила во Формула 1

Со трката во Мелбурн викендов започнува 65-то издание на Формула 1 шампионатот, а во новата сезона на „најбрзиот циркус" ќе бидат применети и неколку нови правила.

Си најдов топче

Што ќе направиш ако шеташ наоколу и на земја си најдеш топче? Ако случајно се наоѓаш на голф терен, не го прави ова!

„Божјата рака“ во изведба на Њукасл

Ова момче не било ниту родено кога Марадона го постигна најславниот гол со рака на Мундијалот во Мексико 1986 година, но успеа да направи речиси идентичен фалсификат погодок како да го вежбал. Мечот помеѓу Њукасл и Челси е во рамките на англискиот ФА куп за играчи до 18 години.

Сити во тешка мисија, Баер на прошетка во Париз

Германскиот состав кој беше демолиран на домашен терен со 4:0 е речиси надвор од игра за четвртфинале. Многу поголемо внимание предизвикува средбата на „Камп Ноу“ каде „Граѓаните“ ќе се обидат да нападнат како во групната фаза против Баерн.

Дожд од бакљи

По инцидентите на градското дерби со Краковија, полската федерација ја казни Висла Краков со затворање на навивачката трибина, но ултрасите сепак најдоа начин како да уфрлат бакљи.

Најбрзиот црвен картон во Копа Либертадорес

Фудбалерот на колумбискиот Атлетико Насионал, Алехандро Бернал на натпреварот против уругвајскиот Насионал заработи црвен картон по 20 секунди игра и го постави новиот рекорд за најбрзо исклучување во јужноамериканската верзија на Лигата на шампиони.

Кој е најдобриот соло гол на сите времиња?

За голот на 16-годишниот Фабијан Тељо за момент помисливме дека е најдоброто соло голчиште на сите времиња, но порталот 101greatgoals со нивната листа нè натера да размислиме уште еднаш пред да ја донесеме конечната одлука.

SISTINA пронајде лек за Глобко Логистик

Одиграни се уште три натпревари од 12-то коло на Бизнис Лигата на Македонија.

Атлетико и Баерн се првите четвртфиналисти

Фудбалерите на Арсенал уште еднаш ја потврдија позитивната серија без пораз на германско тло, но нерешение 1:1 на „Алијанц арена“ не беа доловни за елиминација на европскиот првак. Многу потешко на гости мина тимот на Сидорф кој беше декласиран со 4:1.

Загубата на Премиерлигашите во случај на елиминација од ЛШ

Четирите осминафиналисти од островот имаа очајна прва рунда во нокаут фазата од Лигата на шампионите без ниту една победа, но и во најлош случај никој да не избори пласман во следната фаза тоа нема силно да им се одрази.

Прослава во чест на цунамито

На точно три години од катастрофалниот земјотрес и цунамито во Јапонија кои одземаа 19.000 животи, фудбалерите на Хирошима со посебна прослава им оддадоа почит на жртвите, одбележувајќи го датумот 11.3.

Фудбалското спонзорство надмина 2 милијарди

Клубовите од најдобрите пет лиги во Европа, вкупно 98 на број, само оваа сезона од своите спонзорски договори инкасирале преку две милијарди евра. Најмногу од нив преку спонзорските договори со снабдувачите на опрема.

Човек против пинг-понг робот

По повод отворањето на новата фабрика во Шангај, компанијата за производство за роботи KUKA, го предизвика поранешниот светски шампион и најдобар германски пингпонгар Тимо Бол.