Министерството за религиозни прашања на Алжир им дозволи на фудбалерите на Алжир да јадат и да пијат вода на денот на одигрување на осминафиналниот меч против Германија.
Во пресрет на денешната пресметка.селекторот Вахид Халилхоџиќ почна да се нервира со новинарските прашања кои не беа поврзани со фудбал, туку со рамазанските пости.
„Пустинските лисици“ станаа првата африканска селекција која успеа на еден Мундијал да постигне четири погодоци, а причината поради која им е дозволено да ги рипнат постите се тешките временски услови кои може да ги исцрпат на теренот.