Министерството за религиозни прашања на Алжир им дозволи на фудбалерите да јадат пред мечот против Германија. Но М'Боли Раис реши до крај да ги испочитува рамазанските пости, а енергијата против Германците ја собираше по заоѓањето на сонцето кога е дозволено да се јаде за време на светиот муслимански месец.