Интересот на американските навивачи на дигиталната платформа која ја нуди Светската куќа на фудбалот расте побрзо отколку на целата глобална публика која ја следи ФИФА. Во моментов 161 милиони луѓе сурфаат и ги користат интернет услугите на ФИФА, а од нив 36 милиони или 22% се од САД.
Тоа важи исто така и за мобилните уреди. Од вкупно 25 милиони луѓе кои ја симнале апликацијата за Светското првенство на својот телефон, 5.3 милиони се од територијата на Америка.
Фудбалската опсесија им порасна толку многу на Американците што измереното досегашно време на дигиталните содржини на ФИФА изнесува како да поминале сите заедно 847 години и 143 денови во периодот од 1 јуни до денес.
Само на денот на одигрувањето на мечот помеѓу САД и Германија кои се сретнаа во третото коло од групната фаза, американските навивачи потрошиле 68 години на официјалниот сајт на ФИФА.
Навивачите на САД се најмногубројни и на фејсбук фан страната на ФИФА каде во последните 28 денови интеракција имале 38 милиони фанови од оваа земја.
Со воведувањето на новите средства достапни на интернет со кои навивачите повеќе се поврзуваат со настаните од Мундијалот, публиката на тоа поле за разлика од СП Јужна Африка 2010 порасна за 174%, а тоа е благодарение најмногу на САД од каде интересот порасна за 200%.