Браќата кои играат за две земји
Сафир Таидер е роден во Франција, татко му е од Тунис, а мајка му е Алжирка. Го носеше репрезентативниот дрес на Франција во три младински категории, но потоа го избра Алжир откако доби повик за сениорската репрезентација. Сафир ја започна кариерата во Гренобл, потоа се пресели во Болоња, а во моментов настапува за тимот на Интер. Неговиот брат настапува за селекцијата на Тунис и е член на Парма.
Еден фудбалер од 10 деца
Левиот бек на Алжир Гулам Фаузи има осум браќа и две сестри. Беше четири години дел од Сент Етјен, а од почетокот на оваа година му е колега на Горан Пандев во Наполи. Еден од неговите браќа ја преставуваше Франција на Светското крос кантри првенство.
Ја сакаше Франција, но го избра Алжир
24 годишниот Јасин Брахими играше за шест младински селекции на Франција, а на минатото Светско првенство го одби повикот од селекцијата на Алжир со надеж дека ќе добие повик од Франција која ја претставуваше се до селекцијата за играчи до 21 година. Фудбалерот на Гранада оваа година не чекаше место во Франција и во Бразил отпатува во алжирски дрес.
Да се заборави дебито
Голманот на Алжир М`Боли Раис со професионално играње фудбал почна во Хартс, но првото шест месечно искуство во Шкотска го заврши без ниту еден настап. Од тогаш смени неколку клубови, а во моментов го носи дресот на ЦСКА Софија.
Негредин Куалед
За дефанзивецот на Алжир топлото време во Бразил не е никаков проблем. Тој е роден во Бискра, град во јужниот дел на Алжир каде температурите редовно достигнуваат 48 степени. Негредин е дел од домашното првенство во неговата родна земја, а секоја пролет бере урми.