Последната осминафинална драма ја доби Белгија

Неприкосновените голмани и дефинитивно се главните виновници поради кои дури пет меча во нокаут фазата не можеа да добијат конечен епилог по 90 минути игра. Фудбалерите на Белгија успеаа да го совладаат Тим Хауард по дури 20 луди одбрани.

Белгија - САД 2:1 (по продолженија)
Де Бруин 92` Лукаку 114` - Грин 116`

Селекцијата на Белгија е последниот осминафиналист на Мундијалот во Бразил откако на арената „Фонте Нова“ во Салвадор, едвај успеа да ја смести топката во гол. Белгијците играа викторија пред шеснаесетникот на САД и упатија вкупно 38 удари од кои 27 завршија во рамките на голот. Американскиот голман како да и фрли магија на мрежата која ја чуваше незатресена се до стартот на првото продолжение од мечот.

Идентично како и Германија против Алжир, Белгија славеше со 2:1 во продолженијата од натпреварот. Мразот го скрши Де Бруин, а на минута до крајот нововлезениот Лукаку го зголеми водството. Американците најдоа сили за голем притисок во последните 15 минути во кои веднаш одговорија со погодок. Избраниците на Клинсман пропуштија две 100% шанси во финишот и не успеаа да се изборат за пенали.

Четвртфинални двојки:

петок
Бразил - Колумбија (22:00)
Франција - Германија (18:00)

сабота
Холандија - Костарика (22:00)
Аргентина - Белгија (18:00)

2 јули 2014 - 00:57