Сите вработени во државната администрација добија соопштение од колумбискиот Претседател Хуан Мануел Санто дека може да си заминат порано од работа за да го гледаат четвртфиналниот натпревар против домаќинот Бразил.
Претседателот на Колумбија изјави дека утрешниот меч ќе биде државен празник на кој ќе има ограничувања единствено за оние кои се вработени во службите за безбедност, како и во здравствените установи.
Селекцијата на Колумбија се пласираше во најдобрата осумка откако на стадионот Маракана во Рио славеше против Уругвај со 2:0, а за следниот јужноамерикански противник ќе има поддршка и од Претседателот кој реши да отпатува во Бразил.