Ди Марија во 118 минута погоди за четвртфинале

По Чиле и Алжир, фудбалерите на Швајцарија се третата селекција која во осминафиналната фаза покажа дека нема големи и мали репрезентации на Светското првенство во Бразил. Селекцијата на Аргентина се потеше во три полувремиња за да стане седмиот патник во топ 8 фазата.

Аргентина - Швајцарија 1:0
Ди Марија 118` 

Никој не очекуваше ваков развој на настаните на речиси сите осминафинални дуели каде фаворитите се изнамачија и не покажа голема доминација во однос на аутсајдерите. Аргентинците напаѓаа, но дури во 118 минута успеаа да го пробијат голот на Швајцарија за пласман во нокаут фазата. Две минути по погодокот на фудбалерот на Реал Мадрид, пеналите не успеа да ги донесе тетовецот Блерим Џемаили кој ја погоди стативата. Во последните драматични мигови од средбата шанса за тоа имаше и Џердан Шаќири кој со удар од слободен удар го погоди живиот ѕид.

1 јули 2014 - 20:52