Сексот во Бразил беше забранет за репрезентативците на Шпанија, Русија, БиХ, Чиле и Мексико и ниту една од овие земји не е повеќе дел од Светското првенство. Избраниците на Дел Боске, Капело и Сушиќ не успеаа да стигнат ниту до осминафинале, а таму учество обезбедија Чиле и Мексико кои потоа беа елиминирани.
Строги на оваа тема не беа воопшто селекторите на Германија и Холандија кои им дозволуваа на своите играчи да спијат заедно со девојките и сопругите, а тоа не им попречи во кондицијата па и двете репрезентации стигнаа до четвртфиналето.
Во тоа друштво се и фудбалерите на Франција, Бразил и Костарика кои добија подетални инструкции од своите селектори околу интимното време во хотелите. Бразилците пред стартот на Мундијалот од Лиус Фелипе Сколари добија опомена дека сексот не смее да им се одвива со акробации.
Дидие Дешамп изјави дека неговите фудбалери ќе имаат право на секс, но со правило за фер користење, кога и колку ќе трае. На Босанците селекторот Сафет Сушиќ им дозволи само мастурбирање, но тие беа елиминирани во групната фаза.