Остана без Светско поради женска
Откако беше познато дека напаѓачот на Фиорентина Марио Гомез нема да влезе во списокот на 23 играчи на Германија, во напаѓачката линија како резерва заедно со Клосе се чинеше дека место ќе добие фудбалерот на Борусија Менхенгладбах, Макс Крузе. Но Јоаким Лев се реши за 21 годишниот Кевин Воланд кој го замени Крузе без никакво соопштените на репрезентацијата. Претпоставките се дека Крузе го загубил местото откако на пријателскиот меч против Англија во Лондон на крајот од 2013 година, во хотелската соба повикал проститутка
Глупавата случка во сендвичара
За разлика од него Кевин Гроскројц се соочи со други грижи кои сепак не му загрозија местото во репрезентацијата. Дефанзивецот на Борусија Дортмунд беше обвинет дека со Донер кебап удрил човек во лице, а од љутиот сос му го оштетил видот. За случката сведочел таксист кој изјавил дека човекот бил со размачкана маица, но тврдел дека немал ништо на очите. Според таблоидите во Германија, селекторот Лев не се заинтересирал за инцидентот.
Мистериозна повреда
Илкај Гундоган беше кандидат за место во селекцијата на Германија за Светското првенство, но мистериозната повреда на грбот тоа му го оневозможи. Фудбалерот на Борусија Дортмунд заминал во детската болница во Крим, токму во периодот кога беа немирите во Уракина, а третман му правел неговиот братучед кој е член на турската одбојкарска репрезентација. Гундоган не успеа да се опорави за Мундијалот, но се надева на кам бек наредната сезона.
Дресот на Германија
Дресовите кои ги носат германските репрезентативци во Мундијалот беа најпрвин сметани како умен маркетинг потег затоа што во бојата и формата личеле на најпопуларниот бразилски клуб Фламенго. Но стратегијата на Германците не им успеа баш. На фејсбук се појави фан група под името „дрес на срамот“.