СП Јужна Африка 2010 – Пред четири години Бразилците беа елиминирани во четвртфиналето од Холандија, додека составот на Јоаким Лев беше казнет од Карлес Пујол кој во 80 минута го реши мечот и обезбеди финале против „Лалињата’.
СП Германија 2006 – Иста песна од пред четири години. Бразилците повторно во топ 8 фазата го напуштија Мундијалот, но овој пат беа елиминирани од Франција со голот на Анри. Домаќините беа шокирани од Италија во продолженијата. Најпрвин од Фабио Бросо дури во 119 минута.
По две минути следуваше убиствената контра која ја започна Канаваро, а ја заврши Дел Пјеро.
СП Јапонија и Јужна Кореја 2002 – Легендарниот Роналдо со 8 голови беше главна ѕвезда на ова Светско првенство. Во полуфиналето со еден погодок ја реши Турција, а во финалето и Германија со два гола во второто полувреме.
Избраниците на Руди Фелер за противник во полуфиналната фаза го добија домаќинот Јужна Кореја, а погодокот вреден финале, го постигна Михаел Балак на 15 минути до крајот. Во составот беше и Оливер Бироф, кој сега е дел од стручниот штаб на Германија.
СП Франција 1998 – Мундијалскиот пат за Германија заврши во четвртфиналето, затоа што пред себе го имаа хитот на првенство Хрватска која славеше убедливо со 3:0. Бразилците во полуфинале ремизираа против Холандија 1:1.
Мечот го реши Клаудио Тафарел кој одбрани два пенали во пенал серијата, но потоа во финалето Франција со Зидан беше доминантна и славеше убедливо со 3:0.
СП САД 1994 – Германија предводена од селекторот Берти Фокс беше елиминирана во четвртфиналето од Бугарија која ги имаше одличните Лечков и Стоичков.
Бразилците пак се изнамачија со Шведска и ја победија благодарение на голот на Ромарио. Во финалето се сретнаа со Италијанците кои немаа среќа во пенал серијата откако Роберто Баџо го промаши цел гол.
СП Италија 1990 – Бразилците на чизмата го одиграа најлошото Светско првенство и беа елиминирани во осминафиналето од Аргентина. Западна Германија стигна до финалето каде се сретна со „Гаучосите“. Пеналот на Андреас Бреме на пет минути до крајот им го донесе Златниот пехар.