Апла наместениот меч помеѓу екипите на Челик и Копер го докажа црногорскиот голман кој скокна и му попушти на противничкиот играч да го постигне последниот гол за конечни 0:5.
Целиот тек на мечот внимателно го следеле во Европската федерација на обложувачи „Federbet“ кои имале информации и знаеле како треба да изгледа конечниот резултатот, а за тоа ја известувале УЕФА.
„Приказната почна на 3 јули во 17:41 кога ни стигна СМС порака од генералниот секретар на „Federbet“ Франческо Баранка, човекот кој инаку беше меѓу првите кој не извести за скандалот Калчоскомесе во Италија во 2011 година. Баранка велеше дека знаел однапред како ќе заврши мечот помеѓу Челик и Копер. По 10 минути игра беше 0:0, но ни пиша дека ќе биде двојка со повеќе од 3 голови. Прво мислевме дека се шегува и не ја пратевме ситуацијата. Во 18:20 ни пиша дека првото полувреме завршило 0:2, а на крај ќе биде 0:4, 0:5 или 1:4. Во 19:20 стигна нова порака во која пишуваше конечен резултат 0:5. Тогаш рипнавме од стол и проверивме одма на интернет. Беше навистина во право“ се вели во изјавата на УЕФА дадена за италијанскиот весник Република.
Баранка истиот ден кога се играа голем број на квалификациски мечеви од Лига Европа знаел уште една местенка за која алармирал во Европската куќа на фудбалот.
„Во 21:09 ни стигна нова СМС порака од Баранка. Абердин – Даугава Рига, повеќе од 3,5 голови. Сега е 0:0 по 20 минути. Веднаш почнавме да го следиме мечот, но ни изгледаше дека нема да излезе така, затоа што до 50 минута беше 1:0 за шкотскиот тим. Потоа имаше пенал и два црвени картони за Летонците. На резултат 2:0, Баранка ни пиша дека ќе биде 4:0 или 5:0. По 10 минути францускиот судија свирна крај, а Абердин победи 5:0“.
Авторот на написот во Република кој има ексклузивна изјава за тоа како УЕФА дознала за двете местенки е скаран со Географија. За црногорскиот клуб Челик Никшиќ од Црна Гора напишал дека е словенечки, а гостинскиот клуб Копер од Словенија кој победи со 5:0 го помешал со Македонија.
Ние ќе му кажеме само едно нешто. Во Македонија не се мести.