Додека буцкастиот Роналдо го гледаше од ложата срамот на неговата земја кој падна за само 29 минути како на мал фудбал, пред негови очи ветеранот Мирослав Клосе му го урна рекордот од 15 постигнати погодоци постигнати на три Светски првенства.
Напаѓачот на Лацио со своите 36 години стана третиот играч во историјата на Мундијалите кој успеал да ја затресе мрежата на четири светски првенства. Тоа претходно го имаат сторено само легендарниот Пеле и на сонародникот на Клосе, Уве Зелер.
Тој е еден и од тројцата играчи заедно со Томас Милер и Перуанецот Теофило Кубиљас кој успеале да постигнат по пет голови на две Светски првенства, како и единствен кој стрелал по четири пати на три Мундијали.
За фудбалерот на Лацио ова е инаку прв погодок на полуфиналињата и тоа токму против селекцијата од која го загуби неговото единствено финале на СП 2002. Секогаш кога ладнокрвниот Миро ќе постигне гол на планетарните собири, Германците не губат, а тоа се случи на сите негови 23 меча.