Џокерот Гетце и донесе „Златен пехар“ на Германија

На само седум минути пред стартот на пенал серијата, резервистот на Јоаким Лев со мајсторски прием и погодок ја замолчи аргентинската публика на „Маракана“ и и` ја донесе Светската титула на Германија, вкупно четврта во нивната историја. 

Германија - Аргентина 1:0 (по продолженија)
Гетце 113` 

Содржајно финале со многу шанси, но за жал без голови во регуларниот дел одиграа великаните на светскиот фудбал. Германскиот селектор во 88 минута го извади Мирослав Клосе, најдобариот стрелец во историјата на Мундијалите, а во игра го внесе Марио Гетце кој доби мала минутажа на ова првенство.

22 годишниот член на Баерн Минхен е херојот на германската селекција кој во 113 минута постигна гол со кој ја искачи својата земја на светскиот трон.

Ова е четврти Златен пехар за „Панцирите“ кои претходно се радуваа во 1954, 1974 и 1990 година.

Германците станаа првата земја која успеа да стане Светски првак на јужноамериканско тло. Европските селекции сега водат 11:9 во титули против репрезентациите од Јужна Америка.

13 јули 2014 - 23:41