Каде да се шутира пенал?

На појаката страна на оној што шутира, така? Погрешно, бидејќи голманите тоа брзо ќе го научат. Тогаш, на послабата страна? Пак погрешно.

Најдобрата стратегија при изведување пенали е - да се нема стратегија.

Тоа го потврдува и искуството и теоријата на игрите која се занимава со проучување на закономерностите при донесување одлуки во игрите.

И без разлика на нивната ексцентричност или суеверие, добрите изведувачи на пенали се однесуваат според правилото "да немаат правило," односно да шутираат по крајно мешана стратегија, т.е. кај им текне.

Студија од 2002-ра година (.pdf-от тука), се занимавала со илјадници изведени пенали и се утврдило дека успешни се оние пеналџии на кои не им се знае патернот по кој шутираат.

"Резултатите покажуваат дека фудбалерите инстинктивно и интуитивно се држат до теоријата, да не прават модели по кои шутираат што е клуч за успехот во оваа стратешка игра," заклучува водачот на истражувањето, Паласиос - Хуерта.

Неговите податоци го потврдуваат тоа: Од сите анализирани пенали, 81,1 процент влегле на послабата страна на изведувачот и речиси идентичен процент (82.7%) на неговата посилна страна (оние по средина влегувале во групата на јаката страна).

Бројките се речиси исти и за поединечните случаи и изгледаат вака:

Шутирачите ја преферираат својата посилна страна, но не премногу. Натаму отишле 60 проценти од топките:

Во една друга студија (pdf-от тука) во која се изведувале пенали, било утврдено дека само тројца од 26 фудбалери решавале три пати по ред да шутираат на иста страна.

 

10 јули 2014 - 14:28