
По четири сезони верност на „Енфилд Роуд“ Луис Суарез се преселува во Барселона, а според првичните куси информации за бомбастичниот летен транфер кој се најавуваше, Каталонците на Ливерпул ќе му платат 75 милиони фунти.
27 годишниот уругвајски напаѓач во досегашниот дел од кариерата одигра по една сезона во екипите на Национал и Гронинген, а потоа по четирите минати сезони во Ајакс, го засили тимот на Ливерпул за сума од околу 23 милиони фунти
За навивачите подготви фино писмо:
Имаше блескава сезона во Ливерпул во која ги собра наградите и сруши 10 рекорди, но неговите бизарни склоности не успеа да ги сокрие ниту на Мундијалот во Бразил.
Претходно:
- Компилација на неспортските потези.
- Потенцијалната жртва која му избега.
Бонус: Додека играше во Ајакс паузираше на седум меча затоа што го гризна фудбалерот на ПСВ Отман Бакал. Во декември 2011 како член на Ливерпул доби суспензија од 8 меча и плати 40.000 фунти казна за расистичниот напад врз Патрик Евра.