
Минатите две сезони Суарез беше во центарот на вниманието поради две случки со кои ги наполни насловните страни во весниците. Најпрвин го навреди на расистичка основа Евра и доби суспензија од 8 меча, а лани го гризна Ивановиќ и паузираше 10 натпревари.
Оваа сезона го видовме во сосема поинакво светло, мирен и со рекорден учинок од 31 гол и 12 асистенции, со што успеа да пополни листа со 10 нови рекорди кои ќе останат забележани во Ливерпул и Премиер лигата.
- Со 31 постигнат гол за една сезона го израмни рекордот по бројот на погодоци кои успеаа досега да ги постигнат само Ширер со Њукасл и Роналдо со Манчестер Јунајтед.
- Прв фудбалер на Ливерпул кој успеал да ја освои „Златната копачка“ во Премиер лигата.
- Прв фудбалер на Ливерпул кој по Иан Руш успеал да постигна 30 голови за „Црвените“ во една сезона.
- Прв фудбалер на Ливерпул со два или повеќе постигнати погодоци на пет меча по ред.
- Прв фудбалер на Ливерпул кој постигнал три хет-трикови против истиот тим.
- Прв играч на Ливерпул по Роби Фаулер со 20 или повеќе голови постигнати во низа.
- Најбрз играч кој успеал да постигна 20 голови во Премиер лигата за само 15 меча.
- Прв играч од Премиер лигата со три хет-трикови против ист тим.
- Прв фудбалер кој во Премиер лигата постигнал 10 голови за еден месец, а тоа се случи во декември 2013 година.
- Прв фудбалер на Ливерпул кој постигнал хет трик против Кардиф.