Фудбалерот на Ливерпул, Луис Суарез се надеваше дека помине само со 3 натпревари казна, но дисциплинската комисија на ФА му одреди драстична казна од 10 кола. Тоа значи дека освен последните 4 кола од оваа сезона, Уругваецот ќе ги пропушти и првите 6 натпревари од новата сезона.
Како што се истакнува со глупавите неспортски потези, Суарез добивас се поголеми казни. Првиот пат во дресот на Ливерпул тој беше суспендиран на 8 натпревари и плати казна од 40.000 фунти за расистичките навреди на Евра во 2011-та година.
Додека го носеше дресот на Ајакс, тој го гризна фудбалерот на ПСВ, Отман Бакал и за овој негов испад заработи суспензија од 7 натпревари.
Откако Суарез го гризна Ивановиќ, веста не само што за брзо време го заобиколи светот, туку со понуди се јавија и кладилниците кои воведоа можност за кладење колкава ќе биде суспензијата која ФА ќе му ја додели на фудбалерот. Токму најмалиот коефициент беше добитната комбинација за кладилничарите.