Пенал серијата кобна за Холандија

По 120 минутна бледа фудбалска претстава фудбалерите на Аргентина благодарение на двете одбрани на Ромеро обезбедија пласман во финалето на Мундијалот во Бразил за кое сонуваат уште од времето на Марадона во 1990 година.

Холандија - Аргентина 0:0 2:4 (на пенали)

Судејќи по досадните 120 минути во Сао Паоло кои завршија без голови, подобро ќе беше да си пуштиме снимка од вчерашната спектакуларна седумка на Германците или барем од првите 29 минути во кои видовме 5 голови. Фудбалерите на Холандија и Аргентина одиграа недопадлив натпревар со многу претпазливост и калкулации и премалку шанси за гол. Во регуларниот дел од мечот Аргентинците упатија три шутеви во рамките на голот, наспроти еден на Холанѓаните.

По изведувањето на пеналите непогрешливи од белата точка беа „Гаучосите" кои ги погодија сите четири обиди преку Меси, Гарај, Агуеро и Родригез. Во таборот на Ван Гал прецизни беа Робен и Кајт, додека дефанзивецот Влар и Снајдер не успеаа да го совладааt Ромеро кој им ги прочита двата удари. Финалето помеѓу Аргентина и Германија е реприза од СП Италија 1990 на кое „Панцирите“ триумфираа со голот на Андреас Бреме,

10 јули 2014 - 00:51