Нов дебакл и свирежи за крај на Бразил

Избраниците на Луис Фелипе Сколари на најнеславен можен начин ја завршуваат мундијалската авантура пред својата нација од 200 милиони жители. По срамната седумка од Германија, Бразилците примија нови три голови од Холандија.

Бразил - Холандија 0:3
Ван Перси 3` п. Блинд 17` Вијналдум 91`

Селекцијата на Холандија го освои третото место на 20 Светско првенство откако на стадионот „Мане Гаринча“ во Бразилија славеше убедливо против ранетиот Бразил со 3:0. И покрај неколкуте измени на Сколари во однос на мечот против Германија, фудбалерите на Бразил повторно беа немоќни и веќе во првите 17 минути беа во негатива од два гола.

„Кариоките“ за само четири дена примија 10 голови и тоа пред своите навивачи кои со свирежи го поздравија последниот нивни настап на Мундијалот.

 

13 јули 2014 - 00:04