Мајстор за билијард
Дефанзивецот на ПСЖ Давид Луиз кој ова лето го напушти Челси е познат како одличен играч за билијард кој не губи од ниту еден колега. Велат дека омилена жртва му е Сандро Раниере од Тотенхем кој никако не може да му врати. „Суарез не ми дозволува никогаш да го победам и е многу суров кога играме билијард“, вели неговиот репрезентативен колега.
Млад и ефикасен
Фудбалерите на Бразил не бираа тешки противници во подготвителниот период за Мундијалот, но и покрај тоа, брзината со која Нејмар ги постигнува головите за својата земја е импресивна. Со само 22 години тој веќе успеа да стигне до бројка од 35 погодоци на 54 средби, а со такво темпо не успеаа да редат голови ниту Меси и Роналдо. Во март оваа година против Јужна Африка стигна до неговиот прв хет-трик за Бразил.
Хобито на Максвел
Искусниот бек на ПСЖ е познат како колекционер на сребрен прибор за јадење кој го купува од различни земји. На Светското првенство ја грееше клупата, затоа што Луис Фелипе Сколари за таа позиција сметаше на Марсело. 32 годишниот репрезентативец кој освои титули со Ајакс, Барселона и Интер, во сите четири клубови каде настапуваше играше заедно со неговиот пријател Златан Ибрахимовиќ.
Задникот на Хулк
Човекот кој е идол кај бразилските тинејџерки е Нејмар, но многу девојки од оваа земја се палат и на Хулк, особено на неговиот задник. Фудбалерот на Зенит важи за срамежлив човек, но во забавните бразилски емисии ги прифаќа сите шеги, а знае да изненади и со некои свои.
Уметникот од стручниот штаб
Карлос Алберто Пареира кој како тренер на Бразил стана Светски шампион во 1994 година е познат како добар сликар. Асистентот на Сколари досега има направено три изложби на кои успеал да собере добри критики. Еднаш кога купувал бои од Франција му дале чкарт роба која на прв поглед му изгледала оригинал.