Offside

Франк Шмит (52) на крајот од сезоната заминува од германски Хајденхајм кого непрекинато го води речиси 20 години.

Ја направи Белгија втора во свет и пак им смета

Селекторот Марк Вилмотс ја донесе Белгија од 54 до 2 место на ранг листата на ФИФА, но и покрај тоа јавноста и медиумите фрлаат дрвја и камења по него.

Скандинавски Матрикс пенали

Ојстеин Братен нема врска со фудбал затоа што е скијач и беше дел од Олимписките игри во Сочи, но кога ќе видите што направи ќе сфатите дека има врска од фудбал.

Квалификации за Евро 2016: Кој ќе патува во Франција?

Клучни натпревари викендов се играат во Кардиф, Рејкјавик и Зеница. Холандија е под силен притисок, а Фарски Острови ќе бркаат втора сензација во тековните квалификации. Македонија гостува во Жилина.

Ја спаси со нога, каде што голман не може со рака

Младинскиов фудбалер на Валенсија треба да добие орден за потегов.

Лазаров верува во пласман и го сонува Рио де Жанеиро

Во недела нашите ракометари го играат клучниот натпревар за пласман на ЕП во Полска следната година. Ни одговара и реми со не повеќе од 27 постигнати голови за да го освоиме второто место кое води на шампионатот.

УЕФА ја истражува Сампдорија, Интер во ЛЕ?

Во 2012 година клубот од Џенова беше казнет со еден бод поради еден фудбалер вмешан во местење, а Европската куќа на фудбалот не им дава дозвола на екипи вмешани во такви скандали.

Антиќ меѓу најдобрите дефанзивци во НБА

Патот на двократниот европски првак до НБА се покажа како вистински чекор за Перо Антиќ. И покрај тоа што сезонава најчесто влегуваше од клупа, најсилната кошаркарска лига на својот веб сајт го величи за неговата игра.

Леброн VS Камера 0-1

Ем не му одеше цел натпревар, ем во еден момент толку силно се плесна со глава во камерата што не се знаеше дали ќе го продолжи мечот.

Зошто вреди да платиш карта за Монфис?

Францускиот тенисер не случајно ги полни стадионите каде и да игра. Публиката го следи не поради добрите резултати, туку поради глупостите на теренот. Последната изведба на Гаел Монфис беше на турнирот во Штутгарт.

Стартуваше Копа Америка, Видал стрелец

Со спектакуларно отворање синоќа започна Купот на Америка. Со головите на Артуро Видал и Еду Варгас, домаќинот Чиле го совлада Еквадор 2-0. Во 99. годишната историја на ова натпреварување, Чиле никогаш не стигнал до трофејот.

Контра удар на Вориорс, убедливо до 2-2

Кошаркарите на Голден Стејт успеаа да го сведат Леброн Џејмс на само 20 поени и лесно го вратија брејкот во финалната серија против Кливленд Кавалирс.

Измама за промашување пенал

Ли Бум од јужнокореанската екипа Бусан Ипарк направи наивна финта за противникот да промаши пенал како да не знае дека се се снима. Планот му успеа, но фудбалската федерација веројатно нема да замижи.

Најпривлечните фудбалери за спонзорство

Светските брендови кога сакаат да направат добра реклама и да извадат ќар од некој фудбалер со тоа што ќе носи нивни копачки или гаќици, најдобро да одберат од оваа листа на фудбалери од Европа, кои ретко кој не ги знае.

Интервју со Леброн Џејмс на 16 години

Неговата желба додека играл во колеџ лигата е да заигра во НБА и да стане најдобар. Ете го во НБА со две шампионски титули и во трка за трета. Го прашуваат и за американскиот фудбал кој престанал да го игра откако го скршил зглобот.

Капетан Зико го спасува бродот на ФИФА

Поранешниот бразилски фудбалер и тренер вели дека е способен да ја преземе диригентската палка во ФИФА, иако е свесен дека за тоа ќе му треба поддршка од сите Конфедерации. Во меѓувреме ЕП побара Блатер веднаш да си замине.

Топ 10 таленти во Јужна Америка

Јужна Америка е континент кој од година во година извезува најмногу фудбалери ширум светот. Радарите на скаутите во моментов се насочени кон неколку играчи кои се споредуваат со Нејмар, Меси, Маскерано.

Американска тики така против Светскиот првак

Јирген Клинсман успеа да направи сензација со селекцијата на САД против својата земја совладувајќи ја на пријателски натпревар со 2:1. Американските медиуми изброија дека израмнувачкиот погодок успеале да го постигнат по 35 точни додавања за 95 секунди.

Два гола го делат Руни од историја

На капитенот на Гордиот Албион му фалат уште два гола за да го достигне рекордот на Боби Чарлтон кој е прв стрелец во историјата на оваа земја со 49 голови.

Барселона и Депортиво ја штелувале 2:2?

Шампионот на Шпанија не ја заврши сезоната со победа во последното коло, во кое на домашен терен ја пречека екипата на Депортиво Ла Коруња која се бореше за опстанок.

Твитер гафот на Вест Хем

Претседателот на Чеканите, Дејвид Голд на Твитер објави дека Вест Хем го ангажирал Обианг од Сампдорија, но постираше фотографија од дефанзивецот на Јувентус, Анџело Огбона.

Се ближи крајот на епохата на Касиљас во Реал Мадрид

По цели 25 години патиштата на Икер Касиљас и Реал Мадрид најверојатно ќе се раскрстат иако капитенот има договор до 2017. година, пренесува шпанската ТВЕ.

Македонија се прошета во Швајцарија, ЕП се чекира во недела

Ниту отсуството на главните играчи во репрезентацијата не ја спречија македонската ракометна селекција убедливо да ја победи Швајцарија 17-26 (8-15) во претпоследното коло од квалификациите за ЕП во Полска. Во недела може да го чекираме пласманот на Евро против Чешка во Скопје.

Забавната страна на Премиер лигата

Иако сигурно ги има повеќе, Премиер лигата на својот официјален канал на твитер објави кусо видео со неколку комични ситуации од изминатата сезона.