Откако Џенова не доби лиценца за настап во Европа и тоа место и го отстапи на седмопласираната Сампдорија, во игра е уште измена во однос на претставниците на италијанските екипи во Лига Европа.
Сампдорија е под истрага на УЕФА за случај од 2012-та кога поради вмешаност на фудбалерот Стефано Губерти во скандалот Калчоскомесе беше казнета со еден бод.
Сега на потег е Европската куќа на фудбалот која треба да го затвори случајот и доколку ја блокира Сампдорија и не и издаде лиценца за настап во Европа, правото на настап автоматски го добива составот на Роберто Манчини кој заврши на осмата позиција во Серија А.
Според пишувањата на Газета дело Спорт, Сампдорија ќе се вади со Торино кој имаше сличен случај пред три години, но потоа доби право на настап на меѓународна сцена.
УЕФА ги истражува и Лацио и Наполи, но тие не ризикуваат бидејќи претходно казнетите играчи Маури и Џанело не беа обвинети за спортска измама.