Контра удар на Вориорс, убедливо до 2-2

Кошаркарите на Голден Стејт успеаа да го сведат Леброн Џејмс на само 20 поени и лесно го вратија брејкот во финалната серија против Кливленд Кавалирс.

КЛИВЛЕНД - ГОЛДЕН СТЕЈТ 83-102

Откако загубија во својата сала, на Вориорс не им требаше долго да ја вратат предноста на домашен терен во финалето. Стефон Кари и Андре Игудала постигнаа по 22 поени, а Игудала беше играч на мечот откако одлично го запре Леброн Џејмс.

Голден Стејт го контролираше натпреварот, а точка на победата ставија во последната четвртина која што ја добија со 27:12. Во тој период, Кливленд шутираше мизерно од игра и погоди само 2 од 18 отворени шута. Џеј-Ар Смит ги промаши сите осум шутеви за три поени, а целиот тим на Кливленд погоди само 4 од 27 обиди за три.
 

Голема поддршка за Кари и Игудала беа Драјмонд Грин со 17 поени, 7 скокови и 6 асистенции и Херисон Барнс кој уфрли 14 поени. Кај Кавси, Тимофеј Мозгов беше водечки стрелец со 28 поени и 10 скокови, а Тристан Томас постигна 12 поени со 13 скокови.

Во историјата на НБА ниту еден тим не ја освоил титулата откако губел 1-3 во победи. Петтиот меч од серијата е во недела во Оракл Арената во Голден Стејт.

Стеф Кари го донесе Голден Стејт на 2-2 во серијата:

Игудала како брз воз во Охајо:
 
Леброн Џејмс не беше на нивото и постигна само 20 поени:
 
 
 
ТОП 5 потези на вечерта: