Навивачите на Вест Хем меѓу првите во Англија добија ново засилување, а тоа е фудбалерот Педро Обианг кој игра во средината на теренот.
„Среќен сум што можам и официјално да го објавам ангажманот на 23-годишниот играч од средниот ред, Педро Обианг. Педро, добредојде“, напиша Дејвид Голд на Твитер и стави фотографија од Анџело Огбона во дресот на Италија.
По реакцијата на следбениците, твитот брзо е тргнат, како и фотографијата која беше заменета со онаа правата на Обианг со шал во раката.
„Зборував со Педро. Среќен е што е овде. Ми вети дека за помалку од еден месец ќе ја научи и ќе ја пее Bubbles (химната на Вест Хем)“, додаде Голд на Твитер.
Пред Обианг кој играше за шпанската репрезентација до 17, 19 и 21 година, Вест Хем доби и нов тренер. Во новата сезона, Хрватот Славен Билиќ ќе го води тимот од Лондон кој му даде отказ на Сем Алардајс.