Еден Азард (Белгија/Челси). Само 28% од глобалната публика е свесна за опасностите на Азард, но тој има многу повисок профил во Белгија каде е познат кај 80% од населението. Тој повлекува околу 1,1 до 1,7 милиони долари од приходите за спонзорство.
Герет Бејл (Велс/Реал Мадрид). Бејл генерира годишно од 5,6 до 6,8 милиони долари од спонзорите, главно од Адидас. Тој е познат на глобално ниво 76%.
Марио Гетце (Германија/Баерн Минхен). Човекот кој го реши финалето на Мундијалот во Бразил можеби не заработува многу средства од спонзорите за разлика од неговите врсници (3,4 до 3,9 милиони долари годишно), но има висок процент на популарност (76%) кај жените и (74%) кај мажите. Глобално 79%.
Месут Озил (Германија/Арсенал). Фудбалерот од средниот ред на Арсенал најчесто има глобална оценка од 74% и тој заработува меѓу 4,5 и 5,6 милиони долари од спонзорство, претежно од Адидас.
Андреа Пирло (Италија/Јувентус). Дури 97% од Италијанците знаат кој е Прило, а во глобални рамки го познаваат 41%.
Ариен Робен (Холандија/Баерн Минхен). 77% од луѓето се стремат да бидат како 31 годишниот Робен и тој има силна глобална привлечност кај мажите од 72%.
Робин ван Перси (Холандија/Манчестер Јунајтед). Холанѓанецот има повисока привлечност кај жените (77%) отколку кај мажите (75%). Неговите приходи од спонзорство се многу помали од другите на оваа листа со заработка од 1,1 до 1,7 милиони долари.
Андрес Иниеста (Шпанија/Барселона). Иниеста е познат кај 90% кај луѓето во Шпанија, во споредба со 80% на глобално ниво.
Вејн Руни (Англија/Манчестер Јунајтед). Националната свест за Руни во Велика Британија е масивни 95%, а во светски рамки 54%. Приходите од спонзорство најмногу му се од Најк, а годишно заработува меѓу 5,1 и 6,2 милиони долари.
Роналдо (Португалија/Реал Мадрид). Најдобриот фудбалер во светот годишно од спонзорство цица меѓу 34 и 39 милиони долари, а најмногу го плаќа Најк. 83% во светот знаат кој е Роналдо.