Offside

Во средината на јули Џани Инфантино имал поддршка од повеќе од 200 од вкупно 211 национални федерации а меѓу членките на УЕФА за него поддршка потпишале 50 од 55 членки. После само неколку дена европските федерации почнаа да му откажуваат поддршка по скандалозниот план на Швајцарецот да го приватизира Светското првенство и да продава акции како приватна фирма.

Надал не сака веќе Бернардес да му суди

Пред стартот на Ролан Гарос се појавија информации дека најпознатиот светски судија Карлос Бернардес нема да ја дели правдата на мечевите на Рафаел Надал, кој потврди дека лично барал такво нешто.

Севиља за рекорд, Днипро за сензација

Тимот од Андалузија вечерва од 20:45 во Варшава ќе игра за апсолутен примат во ова натпреварување кое го освојуваше три пати, а украинскиот Днипро ќе се обиде да стави круна на фантастичната сезона.

Уапсени високи функционери на ФИФА, не и Блатер

Швајцарската полиција утрово изведе операција во која уапси неколку високи раководители на ФИФА и ги екстрадираше во САД каде се сомничат за корупција.

Атланта декласирана, Кливленд во финалето со 4-0

Кавси не оставија сомнеж кој е најдобриот тим на Истокот, откако синоќа со 118-88 ја прегазија Атланта во Квикен Лоанс Арената и обезбедија пласман во големото финале.

Голот на сезоната за Челси

Младиот Курт Зума го доби признанието за играч на сезоната на англискиот шампион, а наградата за најдобар гол на вечерашната свечена гала вечер ја доби Оскар за мајсторијата против КПР во месец ноември.

Јувентус и Њукасл донесоа добивка, Металург разочара

Меѓу најтипуваните натпревари ова коло кои донесоа профит беа победите и на Милан и Хамбург.

Норич побогат и од Светскиот шампион

Камерон Џером и Натан Редмонд за три минути ја добија битката против Мидлсброу вредна 120 милиони фунти.

Падобранци на терен

Се појавија во Златибор на младинскиот фудбалски натпревар, но згазија на погрешна трева од која немаа ќар, бидејќи беше вештачка.

Со што ги мава Диего Коста навивачите?

Челси парадираше низ Лондон со автобус за да ја прослави шампионската титула во Премиер лигата, но контроверзниот напаѓач имаше друга заминација.

Каде се и што прават јунаците на Јунајтед од Барселона 1999-та

Беше позната како Генерација 1992-ра. Пред 16 години во „ноќта во Барселона“ испишаа историја и го освоија треблот (првенство, куп и ЛШ) во иста сезона. Што се случи со фудбалерите од таа генерација и каде се сега?

Одбојкарскиот живот во Сибир на Филип Деспотовски

На 5.500 км од Скопје во едногодишна руска авантура беше Филип Деспотовски, еден од најистакнатите македонски одбојкари. Ни раскажа како се дише на -40, како колите се палат сами, а за одбојката во Русија вели дека е популарна како НБА во Америка.

Мерцедес го бара кртот во случајот Монте Карло

Сезоната во Ф1 уште не е на половина, а во тимот на актуелниот шампион Мерцедес веќе почнаа контроверзи по што ќе се отвори истрага за случајот во Монако.

Само во Шпанија се опстанува со 35 бодови

Од 1997 година од кога Ла Лига брои 20 клубови, ниту еднаш не се случило некоја екипа да опстане во првенството со 35 освоени бодови, како што се случи годинава. Во Италија и Франција мора да се соберат повеќе бодови за опстанок.

Девет тренери за дванаесет години

Како што се најавуваше, Флорентино Перез и официјално соопшти дека Карло Анчелоти веќе не е тренер на Реал Мадрид. Рафаел Бенитез веројатно ќе биде десетиот стратег на Кралевите во последните 12 години.

Фенербахче доби 4 црвени картони за 15 минути

Откако Галатасарај ја освои шампионската титула со победата против Бешикташ во саботата, на Фенербахче не му преостана ништо друго освен бесот да го искали врз фудбалерите на Басакшехир. Од 81 до 96 минута, гостите добија 4 црвени картони.

Лацио - Рома од навивачки агол

Големото градско дерби на Рим ниту овој пат не помина без проблеми. Пред и после натпреварот навивачите на двата клуба се судрија околу Олимпико, а двајца навивачи на Рома се избодени со нож.

Генерал Леброн Џејмс

Кливленд води 3-0 во серијата против Атланта Хокс, а Леброн Џејмс уште еднаш покажа дека на тимот не му е потребен тренер кога тој е на паркетот. Командува со екипата, соиграчите го слушаат и Кливленд лесно се справува со противниците.

Канонада од тројки, Харден го остави Хјустон во игра

Кошаркарите на Хјустон Рокитс намалија на 3-1 во серијата со Голден Стејт, откако синоќа славеа 128-115. Овој натпревар беше рекорден по тројки во плејофот. Голден Стејт уфрли 20, а Хјустон 17 и тоа е најмногу во историјата.

Последниот ден на Чави во Ла Лига

Збогувањето на Камп Ноу, Чави ќе го има во финалето од Копа дел Реј кое го играат следната сабота против Атлетик Билбао, но од клубот објавија видео од неговото последно појавување со Барселона во домашното првенство. Го снимаат од дома како тргнува со кола, па се до појавувањето на терен. Во меѓувреме си пресече француско лепче.

Кливленд сигурен на патот до финалето

Кошаркарите на Атланта Хокс го загубија и третиот меч во серијата со Кливленд Кавалирс, кој сега го дели еден триумф до големото финале во НБА. 

Розберг го стигна Аиртон Сена во Монте Карло

Со чудната одлука на германскиот тим, актуелниот шампион во Формула 1 падна од прво на трето место и му направи услуга на неговиот клупски колега кој ја освои трката.

Хул – Манчестер Јунајтед и Челси – Сандерленд од 16:00

Викендов се игра последното коло во Англија, Шпанија, Германија и Франција и претпоследно во Серија А. Спортската понуда денеска нуди и Формула 1, како и третиот меч на Перо Антиќ во финалето на Западот.