Offside

Четириесет и три годишниот Арон Данкс ќе го оствари својот сон и макар привремено ќе биде главен тренер на Баерн Минхен, додека Венсан Компани е на принуден одмор од здравствени причини.

Маркетингот e поисплатлив од потењето на терен

Усеин Болт заработил 0,2 милиони од атлетика, а 23 милиони од рекламирање, Тајгер Вудс 6,2 милиони од голф, а 55 милиони од учество во реклами. Кај некои од најплатените спортисти во светот, хонорарите од компаниите кои ги рекламираат се многу посочни од платите за кои се потат на терен.

Легендарниот Колумбиец ја повтори магичната одбрана

Рене Игита пред точно 20 години на стадионот Вембли на пријателскиот меч меѓу Англија и Колумбија ги збуни гледачите со еден потег, до тогаш невиден кај голманите. Успеа да го повтори на сличен начин на 49 години.

Друловиќ: Немој да ни свирите

По срамниот пораз од Луксембург во квалификациите за ЕП во саботата, македонската фудбалска репрезентација се врти кон мечот со апсолутниот фаворит Шпанија. Црвената фурија утре вечер од 20:45 гостува на арената Филип Втори.

Како Панчев ги исплеска Грците

Кобра денеска слави јубилеен 50-ти роденден, а тоа што повеќе не се раѓаат како него е само мал дел од причините за нашите резултати во фудбал. Бидејќи често е верглана онаа легендарна снимка од Бари каде Црвена Звезда ја носи на европскиот трон, ќе ве потсетиме на еден негов друг историски меч.

Прославата на Рибарите за историското Европско

Додека некој се мачи со Луксембург, во исто време земјата со околу 300.000 жители обезбеди пласман на ЕП. И тоа во конкуренција со Холандија, Чешка и Турција. Исланд заслужено обезбеди прв историски настап на Европско првенство, а играчите и навивачите необично го прославија пласманот.

Втор пораз за Русија, Германија загуби во финишот

Еден од домаќините на ЕП, Германија загуби од Србија во последните моменти од мечот. Русија запиша и втор пораз и е пред заминување дома.

Први мустаќи на првенството

Селекторот на холандската репрезентација, Тон Ван Хелфретен е добитник на признанието Најдобри мустаќи на Европското првенство во кошарка 2015.

Црвено-жолто будење за прва победа на ЕП

Најдобрите македонски кошаркари направија голем чекор кон пласманот во втората фаза на ЕП во Хрватска, откако попладнево го совладаа директниот ривал за такво нешто, Холандија со 71:78.

Гасол: Јебига

НБА асот Марк Гасол не игра за Шпанија на ЕП, но ги гледа своите соиграчи од трибините. Вечерва се сретна со неговиот учител од младоста, Светислав Кари Пешиќ, а кога виде дека го нема неговиот број во мобилниот, му одговори едноставно.

Англија на ЕП, Руни го стигна Чарлтон

Репрезентацијата на Англија е првата селекција која што избори пласман на ЕП 2016 во Франција. Во триумфот од 0-6 против Сан Марино, Руни постигна еден гол и сега има вкупно 49 со што се израмни со легендарниот Сер Боби Чарлтон.

Србиновски: Момците изгинаа на терен, се фокусираме на Холандија

На прес конференцијата после мечот со Грција во првото коло, македонскиот селектор Марјан Србиновски изјави дека Владо Илиевски играл со температура и дека неговите избраници го пружиле максимумот.

Пораз на стартот, Грција подобра за 20 коша

Македонската кошаркарска репрезентација и петтиот континентален шампионат го започна со пораз. Еден од фаворитите за завршницата, репрезентацијата на Грција триумфираше 85-65 (16-23, 15-15, 19-21, 15-26)

Нема крај на мизеријата, Луксембург - Македонија 1-0

Македонската фудбалска репрезентација доживеа уште еден срамен пораз во тековните квалификации за ЕП 2016, откако вечерва во судиското продолжение загуби 1:0 на гостувањето во Луксембург.

Милан и Интер ќе играат дерби на дебитанти

Вкупно 16 фудбалери за првпат ќе настапат на миланското дерби. Девет од тимот на Манчини и седум од екипата на Михајловиќ ќе се обидат да го решат Дерби дела Мадонина на кое еднаш се прослави и Горан Пандев.

Противници за почит, но нема предавање

Европското првенство во Франција, Германија, Хрватска и Летонија почнува денес и ќе трае се до 20. септември. Македонија отвора со Грција во 18:00.

Среќно момци, нека се повтори Литванија

Пред четири години, Македонија стана четврта кошаркарска сила во Европа. Од утре во Загреб, некои нови момци ќе играат баскет против Грција, Словенија, Хрватска, Грузија и Холандија. Еве како изгледаше прославата во Каунас во 2011. година.

Шинџи Кагава, како успеа?

Јапонецот од Дортмунд ја зголеми конкуренцијата за добитник на наградата промашување на годината или FIFA Barn D'Or.

Никола Пековиќ нов претседател на КК Партизан

Според интернет изданието на Вечерње новости, познатиот НБА кошаркар ќе биде промовиран во прв човек на клубот во кој кошаркарски израсна.

Крис Смолинг во Гинисовата книга на рекорди

Не се изненадивме што Кристијано Роналдо, Френк Лампард и Жозе Мурињо ги има на неколку места во Гинисовата книга на рекорди. Нас не изненади Крис Смолинг таму.

Приказната за Марио Жардел, голманската ноќна мора

За два пати да освоиш Златна копачка, да постигнеш 345 првенствени голови, да те сакаат како идол и после се да завршиш во сенка треба да имаш голема причина. Бразилецот крена бело знаме во борбата против депресијата, кокаинот и алкохолот.

Рудневс, држи го јазикот за себе

Еден од најдобрите фудбалери на Бундеслигашот Хамбург, Летонецот Арјомс Рудневс завршил во болница, откако по една расправија жена му му го гризнала јазикот по што ќе пропушти неколку меча.

Кога нервозна тенисерка крши рекет

Губиш 5-0 во прв сет и нормално е да дојде до попуштање на нервите по што прв на удар е рекетот. Американката Коко Вандевеге загуби 6-2, 6-1 од сонародничката Бетани Матек-Сандс.